Маричиќ во својот говор ги потенцираше реформите и мерките кои се преземаат во областа на правосудството, со посебен фокус на измените на Кривичниот законик, дигитализацијата на судството и проверката на работите на судиите која ја спроведува Судскиот Совет.
Осмата еврообврзница е специфична по тоа што се издава во време на најголемата светска економска криза предизвикана од КОВИД, a притоа е постигната најниска камата во однос на сите претходно издадени еврообврзници и пониска од земјите од регионот и некои членки на ЕУ со подобар кредитен рејтинг во овој период .
Нова политика значи нови луѓе и прифаќање нови мислења. СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија е партија во која владее демократијата, но сакаме да дадеме шанса за уште поголема присутност на различни мислења, за дополнително да ја зајакнеме демократијата.
Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, во одговор на објавата на Мицкоски за идејата на премиерот Заев за влада на националното единство, најнапред му посака брзо закрепнување и добро здравје и во иднина.
Денеска пред правосудството имате исправено градоначалници од СДСМ, политичари од СДСМ и се борат за својата правда да докажат дека се невини. Законот мора да важи за сите. Дали се случува корупција на пониско или на високо ниво, таа еднакво е болна за општеството.
„Во борбата со корупцијата и криминалот важна е пораката од оној што е фатен на другите да не им текне да прават незаконски дејствија. Овие денови додека зборуваме на телефон, луѓето обично користат апликации, и јас им велам слободно зборувајте никој друг нема да се нафати да прави нешто за да лежи 12 години затвор. Пораката на санкцијата, на казната, е да не се повтори никогаш повеќе“, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев во интервју за Слободна ТВ и „Слободен Печат“.
Заев: Преку договорот од Преспа остваривме соработка со Грција во енергетиката со што стануваме земја којашто предничи во регионот по инвестиции во зелена енергија.
Пристигнаа 3 000 дози од руската вакцина „Спутник В“, продолжува процесот на имунизација.
Заев: Понудив опозицијата да има институционална контрола врз реализацијата на новиот Клинички центар, тие со 2.000 амандмани го блокираа законот.







