ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Борбата за родова еднаквост продолжува и нема да престане​ до исполнување на целта

March 8, 2021 12:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн состанок со кој се означи почетокот на  неколкудневните  обуки кои имаат за цел  градење на капацитетите на одговорните институции, задолжени за имплементација на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, обуката се спроведува во рамки на проектот Поддршка на имплементација на Национален акциски план за Истанбулска конвенција“  финансиран од Министерството за надворешни работи на Холандија, имплементиран од  Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија.

-Законот за заштита и спречување од  насилство врз жените и семејното насилство е многу значаен за нас како општество. Тој предвидува мултидисциплинарен пристап, во кој ќе бидат вклучени и други министерства. Министерството за внатрешни работи, како вистински партнер на Министерството за труд и социјална политика. Министерството за здравство кое ќе биде вклучено во првата фронтална линија пружајќи помош на жртвите на насилство, Министерството за образование, затоа што превенцијата и подигањето на свеста за насилството почнува од најраната возраст и оттука влијанието во обрзованието е многу значајно, потенцираше Шахпаска.

Таа посочи дека  никогаш не се доволни алатките, инструментите, човечките ресурси кои што треба да ги ангажираме за да можеме да се справиме со насилството и оттука ваквите активности, како започнувањето со обука на лца кои што ќе можат да пружаат поддршка во делот на превенција од насилството, претставува многу значаен чекор во ефикасна примена на законот.

Амбасадорот на Кралството Холандија во земјава истакна дека на патот кон членството во ЕУ најважно е да се создаде општество каде сите граѓани ќе имаат еднакви права и ќе се третираат еднакво. Владеењето на правото, еднаквоста пред законот, вклучително и правата на жените, е најголем приоритет за Холандија во Република Северна Македонија. Ја потенцираше потребата од професионалци во повеќе сектори  за спроведување на Законот спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство и посебно ја исткна улогата на социјалните работници како особено важна во спроведувањето на Законот.

Министерката Шахпаска изрази  благодарност на Кралството Холандија, како  долгогодишен пријател, особено во сферата на испорачување на демократските вредности, во сферата на човековите права, за подршката што ја дава, за започнување со овие обуки, кои симболично се поклопија со  8 Март како Меѓународен ден на жената.

Борбата  продолжува и  нема да престане до исполнување на целта,порача министерката Шахпаска, стои во соопштението. 

извор: МИА

Next Post

Османи пристигна во Рим на средби со високи италијански претставници и македонски граѓански здруженија

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk