ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Анкета: Американците поддржуват воведувања разни ограничувања за невакцинираните

March 12, 2021 21:57
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Се поголем број Американци сакаат да бидат вакцинирани и поддржуваат воведување разни ограничувања за луѓето кои се противат да примат вакцина проtив Ковид-19, се дознава од најновата анкета на „Ипсос“ и агенцијата Ројтерс, пренесува дописникот на МИА од Вашингтон.

Според резултатите на анкетата во која учествувале 1005 лица а спроведена неделава во понеделник и вторник, 54 отсто од испитаните изјавиле дека се „многу заинтересирани“ за вакцинација. Во јануари, тој број на заинтересирани изнесувал 41 отсто, а лани во мај само 38 отсто. Од друга страна, 27 проценти од Американците изјавиле дека не се заинтересирани за вакцинација, и тој резултат останува неизменет од лани во мај.

Анкетата укажува дека мнозинство Американци би сакале ограничени контакти со луѓето кои не се вакцинирани. Седумдесет и два отсто од испитаните изјавиле дека им е важно да знаат „вакцинирани ли се луѓето околу мене“. Шеесет и два отсто се согласуваат дека луѓето кои не се вакцинирани не треба да им се дозволи да патуваат во авиони, додека 55 отсто рекле дека на невакцинираните не треба да им се дозволи да посетуваат јавни простори како спортски сали, кино сали или концерти.

Шеесет процени од Американците сакаат нивните работодавачи да побараат од вработените, пред да се вратат на работа во канцеларија, да се вакцинираат против коронавирус; 56 отсто сметаат дека вработените кои не се вакцинирани треба да работат од дома.

По овие прашања има партиска поделеност. Според анкетата, републиканците помалку а демократите повеќе, поддржуваат ограничувачки мерки за луѓето кои не се вакцинирани. Сепак, 40 отсто републиканци поддржуваат забрани за посети на спортски и кино сали, а 50 отсто се согласни да има забрана за летање на невакцинирани.

Според агенцијата, околу 18 отсто од возрасните Американци досега добиле најмалку една доза вакцина. Претседателот Џо Бајден синоќа во обраќање до нацијата порача неговата Администрација да стори се што е можно секој возрасен Американец да има право да се вакцинира до 1 мај оваа година.

Next Post

Маричиќ: Координираноста на институциите го оневозможи бегството на Мијалков

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk