ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Сите вакцини што ќе дојдат во нашата земја се безбедни, на опозицијата и смета што успешно работиме

March 13, 2021 08:42
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на ваша страна потенцираше дека од самиот почеток се внимава сè да е законски и регуларно во набавката на вакцините против Ковид-19. Филипче потеницраше дека Министерството за здравство е отворено за соработка со Државната комисија за спречување корупција, бидејќи во работата на Министерството нема ништо сомнително туку само обид час поскоро да се дојде до вакцини.

-Обвинувањата од опозицијата за неправилно работење се во континуиетет, тие сакаат да ги пресликаат работите што тие ги правеа и за тоа не обвинуваат. Таков начин  како што имаше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, повеќе нема. По иницијалните обиди за директен контакт со кинескиот производител на вакцини откако не успеавме, од кинески компании тука кај нас, добивме препорака преку кои компании како да стигнеме до произвоидтелите, и ние стигнавме до нив, разговаравме за количините вакцини, дури дојдовме и до делот за транспорт на вакцините, организиравме и транспорт, кога ја вклучивме и нашата амбасада во Кина за сето тоа да го верификува, од тамошното Министерство за надворешни работи ни укажаа тоа не е патот по кој треба да се оди и ние тоа го испочитувавме. Какви провизии, кога ние сме направиле уплата и таа уплата се вратила? Каква е таа фантомска фирма од која вие ќе добиете назад некаква уплата? Тоа е доказ дека во обвинувањата на опозицијата нема ништо суштински. Едно време обвинуваа дека ништо не сме работеле, еве сме работеле, обвинуваа дека не сме користеле контакти, еве сме користеле контакти насекаде низ светот, дека сме спори.. Јас знам што и смета на опозицијата тоа што работиме и добро сработуваме – истакна Филипче.

Министерот потсети дека нашата земја има обезбедено над 800.000 дози вакцини преку Ковакс механизмот, 800.000 дози од директни преговор со компанијата Фајзер, по 200.000 дози од вакцината Синофарм и Спутник В, како и вакцини преку солидарниот фонд на ЕУ. Во нашата земја преку Ковакс механизмот треба да стигне вакцината на производителот Астра Зенека, министерот истакна дека нема проблем да се вакцинира со која било вакцина, потенцирајќи дека сите вакцини се направени на безбедни платформи.

-Немам проблем да се вакцинирам со било која вакцина од било кој производител, заради тоа што сметам дека буквално сите вакцини кои ќе ги имаме во нашата земја, дел се веќе пристигнати, се развиени на безбедни платформи. Конкретно немам проблем лично со вакцината Астра Зенека, но внимателно ги пратиме публикациите и случувањата и во другите земји. Еве имаше во еден дел забелешка прво дека мал е делот на луѓе коишто влегле во третата фаза на клиничка студија над 65 години, понатаму некои компликации, смртни случаи коишто еве сега се регистрираат во повеќе земји апропо што земјите го прекинале вакцинирањето со оваа вакцина, меѓутоа ова не е доволно да се каже дека вакцината е лоша или сега има несакани ефекти, тоа бара соодветна анализа. Затоа будно ги пратиме состојбите. Постојат две работи, прво препораките од самите производители и засега кај Астра Зенека нема никаква промена во делот на укажување од страна на производителот и второ одлуките, на нивните национални Агенции за лекови и врз основа на тоа ние ги градиме нашите критериуми – објасни министерот.

Министерот истакна дека процесот на имунизација на здравствените работници со вакцината Фајзер и Сpутник В тече без никакви проблеми. Тој рече дека процесот за пријавување на граѓани за вакцинација се одвива на два начина, за лицата над 70 години преку закажување од матичен лекар во системот Мој термин,а за останатите преку пријавување на веб страницата vakcinacija.mk. каде повторно податоците влегуваат во Мој термин каде се прават приоритетните групи.

Говорејќи за новата мерка односно воведувањето на полицискиот час, Филипче објасни дека многу полесно се контролиаат мерките во угостителските објекти каде се јасно препорачани протоколите, отколку после 21 часот кога се забележува неконтролирано групирање на млади.

-Што се случува по затворањето на угостителските објекти, сите млади се надвор. Младите се сериозен вектор во преносот на вирусот на болеста и тоа се гледа од епидемиолошките анкети. Многу луѓе се зарзени дома од младите коишто голем дел од нив се и асимптоматски носители и затоа после завршувањето на работата на угостителските објекти се спречува нивното групирање по парковите и секаде каде што маски практично и да не се носат. Сметаме дека полицискиот час ќе има импакт на намалување на бројот на новодијагностицирани – изјави министерот.

Next Post

ЕУ иницира да се врати Западен Балкан на агендата, Заев побара исполнување на ветувањето, но повтори – нема разговори за идентитетот и јазикот

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk