ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Планот за економско закрепнување на ЕУ доведен во прашање

March 30, 2021 10:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Планот на Европската унија за економско закрепнување од последиците од корона-кризата наиде на пречка, бидејќи пред германскиот Уставен суд беше покренато прашањето за уставноста на заедничкото преземање на долгот на Унијата од 27 члена.

Земјите-членки на ЕУ во јули минатата година се согласија да издаваат заеднички обврзници на меѓународните финансиски пазари преку Европската комисија, со цел да соберат 750 милијарди евра за да се ублажат негативните ефекти од пандемијата на коронавирусот врз националните економии, јави Си-Ен-Би-Си.

Иако земјите на ЕУ носат многу политички одлуки заедно, секоја земја има целосна контрола над своите фискални аранжмани. Прифаќањето на заедничкиот долг се покажа контроверзно за повеќе фискално конзервативните земји на Унијата, кои стравуваат дека тоа ќе резултира со поголем товар на нивните даночни обврзници.

Невладината организација во Германија, „Алијанса на волјата на граѓаните“ поднесе жалба до Уставниот суд на земјата, во која се наведува дека европските договори не дозволуваат заедничко задолжување.

Како резултат на тоа, германскиот суд во петокот запре закон со кој ќе се отвори патот на Европската комисија да влезе на пазарот на долгови и да собере средства за Фондот за наплата.

Германските судии изјавија дека мора да донесат превентивна одлука за привремена забрана на законот.

„Свесни сме дека Фондот за наплата е политички проект за кој веќе е одлучено. Сепак, имајќи ги предвид значителните ризици, федералната влада треба да осигури дека позајмувањето на ниво на ЕУ и заобиколување на фискалните правила не стане трајно решение“, се вели во соопштението на Уставниот суд.

Одлуката на германскиот суд дојде и покрај фактот дека минатата недела 478 од 645 членови на германскиот Парламент дадоа „зелено светло“ за ратификација на заедничкиот закон за долгови на ЕУ.

Американската телевизиска станица потсетува и дека ЕК не може да бара средства на финансиските пазари пред сите земји-членки да го усвојат релевантниот закон за ваквиот потег.

Вкупно 22 од 27 земји-членки на ЕУ досега го усвоија законот или треба да го завршат процесот следниот месец.

извор: МИА

Next Post

Ден по договорот за одложување, ЦИВИЛ со панел дискусија за пописот, во 13 часот

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk