Во 13:00 часот на ул. „Бледски договор” во Скопје, денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги и од ЕВР – Карпош, врз основа на судска наредба, ја привеле М.Л.(37) од Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.
Оттаму информираат дека таа била предадена во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка. Инаку, за неа има уште една пресуда за тригодишна затворска казна за која што тече рокот од Актот за упатување.






