ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Стејт департмент: Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите и да не го дестабилизира регионот, дијаспората е наш народ, важно е сите да се попишеме, вели Заев, „АстраЗенека“ е една од најбезбедните вакцини, нема простор за паника

April 2, 2021 17:54
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите етнички групи во земјата, меѓу кои и македонската и да изнајде решение на отворените прашања со Северна Македонија, бидејќи блокадата на пристапувањето на соседот во ЕУ „ризикува дестабилизација во регионот“, изјавија од американскиот Стејт департмент.

Прeмиерот Зоран Заев денеска од Прилеп уште еднаш апелира сите граѓани да се вакцинираат против КОВИД. Ова е, рече, важна работа зашто само на тој начин ќе го заштитиме нашето здравје и ќе ја победиме пандемијата.

„Астра Зенека“ претставува една од најбезбедните и најквалитетните вакцини, која е дадена во најголем број дози на светска популација, изјави на денешниот брифинг организиран од Лекарската комора, професорката на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, д-р Александра Грозданова

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш повтори дека засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки поради КОВИД-панедмијата бидејќи се соочуваме со пикот. Граѓаните да се вакцинираат и да продолжат да ги почитуваат мерките, апелира Филипче.

Може секој да си дозволува да игра за политички причини со бројките. Не е во ред да ни треба дијаспората кога треба да не гласаат, а да не ни треба кога ни дава пари, кога треба да ја попишеме, кога помага на домаќинствата. Дијаспората е нашиот народ, важно е да се попишеме, вели Премиерот Заев.

Безбедносната состојба на границата кон Грција и граничниот премин Дојран е мирна и стабилна. Состојбата е под контрола и нема некој посериозен предизвик ниту со миграцијата, ниту со загрозуврањето на безбедноста на нашата државата, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Фатмир Битиќи, денес одржа работна средба со амбасадорот на Република Франција во нашата земја, Н.Е. Сирил Бомгартнер и делегација на Француската агенција за развој. Се продлабочува соработката со партнерите за реализација на проекти за подобар живот на граѓаните.

Од денеска во канцелариите на Народниот правобранител во функција е бесплатната телефонска СОС линија за деца 0800 88 500. На оваа линија децата ќе можат да се јавуваат и да бараат совети од стручните лица или пак да укажат на евентуална повреда на нивните права.

М. Миткоска

Next Post

Словенечката опозиција бара отповикување на премиерот Јанша

Shortcut

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk