ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Национална гордост и успех е членството во НАТО-семејството, веселата математика на Христијан Мицкоски

April 4, 2021 17:57
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.246 тестирања, а регистрирани се 734 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 313, Битола – 75, Куманово – 46, Прилеп – 38, Тетово – 36, Велес – 34, Гостивар – 26, Охрид – 24, Струмица – 22, Кавадарци – 19, Штип – 17, Кочани – 14, Гевгелија и Виница – по 10, Кичево и Неготино – по 9, Ресен – 8, Берово – 4, Радовиш, Делчево и Валандово – по 3, Свети Николе, Богданци и Дојран – по 2, Струга, Крива Паланка, Дебар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Национална гордост и успех е што Северна Македонија е една од 30-те членки на НАТО-семејството, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук по повод 72 години од основањето на Алијансата, со потпишаниот Северноатлантски договор од 12 членки, на 4 април 1949 година во Вашингтон.

Веселата математика на Христијан Мицкоски, која тој си ја нарекува инженериска прецизност, го позиционира лидерот на ВМРО ДПМНЕ во едната половина на опозицијата, другата половина припаѓа на другите опозициски партии. Имено, Мицкоски им се обрати на граѓаните преку Фејсбук за да се пожали дека Заев не му посветил воопшто време во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

Министерството за здравство информира дека и покрај големиот притисок врз болниците во државата, кои се побрзо се исполнуваат со ковид пацинети, обезбедени се слободни места на повеќе Клиники, Институтот за белодробни заболувања Козле како и на интерните клиники. Сите болници и медицински кадар се целосно мобилизирани. И во болниците низ државата, секојдневно системот се менаџира, помеѓу постојаните инфективни одделенија во здравствените установи и модуларните болници. 

Во изминатите три дена, во работна посета на Република Северна Македонија, присуствуваа  Флора Карагиани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Мариа Мерзани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Република Грција.

На денешен ден, 4 април 1945 година, излезе првиот број на „Флака е влазеримит“ (на албански јазик: Flaka e Vëllazërimit), весникот кој се роди за време на Народно-ослободителната борба. Заедно со „Нова Македонија“ на македонски јазик и „Бирлик“ на турски јазик, како органи на Народно-ослободителниот фронт на Македонија, го отсликуваа заедништвото на нашите граѓани во борба за еднаквост и слобода. Редакциите на весниците се формираа во Скопје, а весниците се печатеа во печатницата „Гоце Делчев“ во Горно Врановци, Велешко.

Next Post

Придобивките и важноста на Коридорот 8 – Рустеми: Ќе влијае врз зголемувањето на трговската размена

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk