ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Во Франција уапсени пет жени, едната планирала терористичка акција

April 4, 2021 13:42
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

 Пет жени се уапсени ноќеска во францускиот град Безие, меѓу кои и осомничена која сакала да изврши терористичка акција, јави дописникот на МИА.

Информацијата денеска ја потврдија судски извори, откако беше обелоденета од интернет изаднието на неделникот „Ле Поан“.

Апсењата беа извршени од Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ) врз основа на елементи што доведоа до стравување од насилна акција, објасни извор близок на истрагата, нагласувајќи дека е дореден притвор и дека станува збор за утврдување на природата на заканата. Националното обвинителство за борба против тероризам (Пнат) отвори прелиминарна истрага за „терористичко злосторничко здружување“.

Судски извор за агенцијата Франс Прес изјави дека само еден од уапсените е осомничен дека сакал да изврши насилна акција. Уапсените четири други жени, мајка и три сестри на лицето првична мета на операцијата, биле уапсени затоа што биле присутни во домот, изјави судскиот извор. Од истиот извор се дознава дека една од сестрите е малолетна. Според „Ле Поан“, овие апсења биле извршени „во квартот Ла Девезе“, југо-источно од Безие.

Неделникот, исто така, посочи, повикувајќи се на локален извор, дека овие жени „биле познато како радикализирани и дека некои од нив гледале видеа од групата Исламска држава“.

Дури и ако терористичките акти со џихадистичка задднина се извршени со огромно мнозинство од мажи, жените веќе се осудувани во Франција за такви дела. Четири жени станаа „ лица на женскиот џихад“, според обвинителството за борба против тероризмот, меѓу кои Орнела Гилигман и Инес Мадани кои се обиделе да кренат во воздух автомобил во близина на Нотр Дам во 2016 година, а беа осудени во 2019 година на казни од 30 години затвор. /МИА/

Next Post

Д-р Гроздановска: „Астра Зенека“ е една од најбезбедните вакцини, нема потреба од паника

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk