Има многу мерки кои се спроведени во рамки на истрагата за кои наредби се издадени од страна на обвинител. Која било кривична постапка ја води обвинителот според Законот за кривична постапка и оттаму се добиваат сите мерки. Најверојатно ќе се прошири истрагата за фалсификувањето пасоши за да се видат сите аспекти, вели министерот Спасовски.
Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе две кривични пријави. Како што соопштија од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, со пријавите се опфатени вкупно 11 лица за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 1 од Кривичниот законик.
Заев истакна дека новите инвестиции од „Лидл“ се од голема важност за земјава, во насока на зголемување на понудата, нови вработувања, како и подобрување на севкупната економија. Тој ги поздрави позитивните практики препознатливи за „Лидл“ во поглед на пазарот на труд, обучување на своите вработени, како и практикување на модерен начин за водење трговија.
Трошоците на животот во март во однос на февруари годинава се зголемени за 0,5 отсто, а цените на мало за 0,6 отсто, додека во однос на март лани бележат зголемување од 2,1 отсто, односно од 2,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Политичките врхушки неретко знаат да жртвуваат и во неколку наврати да „слизнат“ полициски акции и организирани меѓународни операции. Се сеќаваме на случајот од февруари 2020 година, кога тогашниот министер за внатрешни работи во преодната влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев, имаше неуспешен обид селото Крушопек да го преименува во „Бананапек“. Тандемот Мицкоски – Чулев повторно „слизгаат“ меѓународни истраги, пишува ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ.
Нема тајни ниту анонимни хонорарци, ниту тајно ангажирани државни и административни службеници. Точно се знае за што Владата ангажира физички лица надвор од редот на вработените, истакна денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа.
Денеска се вакцинираа припадниците на Армијата на РСМ во А1 Арената Борис Трајковски, извести министерот Венко Филипче на Фејсбук. Заинтересираноста е огромна и процесот тече според сите предвидени услови и протоколи. Овие лица спаѓаат во критичната група на граѓани кои се од есенцијална важност за функционирање на системот на државата, напиша тој.
Сите граѓани, кои примија вакцина „Астра Зенека“ во Србија, ќе можат да се ревакцинираат во земјава, по пристигнувањето на дополнителна количина од ова вакцина преку Ковакс механизмот, што според најавите се очекува да се случи до крајот на овој месец, но сепак во однос на вакцинирањето на помладите граѓани ќе се почека официјалниот став на Европската агенција за лекови.
М. Миткоска