Марјан Забрчанец, националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, преку Фејсбук објава потсетува на сите достигнувања што С. Македонија ги постигна во периодот од 2017-та, до денес.
– МК стана 30та земја членка на НАТО
– Македонската репрезентација за прв пат се пласира на Европско првенство во фудбал
– Македонија ја победи Германија во фудбал 1 : 2
– Лидл влегува во Македонија
– Се изгради и отвори првиот Хилтон хотел во МК
– Медена земја на Оскари, Исцелител со куп меѓународни награди
– УНЕСКО ја посветува 2021 на великанот на македонскиот јазик Блаже Конески
– Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска се во затвор, Орце Камчев е во притвор
– Поставени се фотонапонски централи на крововите на 108 институции, а во повеќе од 30 греењето е заменето од мазут на гас
– Коритото на Црн Дрим исчистено прв пат откако е изградено
– Тамара Тодевска ја носи МК за прв пат на осмото место на Евровизија
– Вардар по втор пат стана европски шампион во ракомет
– Папата дојде во Скопје
– Меркел дојде во Скопје
– Тереза Меј дојде во Скопје
– Државата за прв пат враќа ДДВ кај народот
– Решен е проблемот на сите стечајци
– Социјалната помош се покачи за 300%
– Медиумската писменост, екологијата и хигиената за прв пат ќе се учат во училиште, подготвена е образовната реформа
– Минималната плата се покачи од 9.000 на 15.500 денари
– Северна Македонија за прв пат инвестира во меѓународни гасоводни проекти, стануваме косопственици на гасната централа во Александрополис
– Скопје станува велоград
– Канабисот не е веќе табу тема, се користи за медицински цели, а се подготвува декриминализација и легализација
– Медиумите се слободни, нема диктат и цензура
– LGBT луѓето живеат послободно, се одржа првата парада без ниту еден инцидент
– Имаме сериозен пад на загадувањето на воздухот
– Платите на медицинскиот персонал се кренати за 50-100%.