ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Црна Гора го враќа животот во нормала, бројот на болни преполовен за еден месец

April 16, 2021 17:37
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Здравствените власти на Црна Гора денеска, еден месец по воведувањето на строги епидемиолошки мерки, одлучија да го вратат животот речиси целосно во нормала со укинување на повеќето рестриктивни мерки.

Како што беше најавено на прес-конференција, од утре угостителските објекти повторно ќе можат да работат до 23 часот, а продавниците и комерцијалните активности ќе бидат отворени до 22 часот, се отвораат и училиштата и градинките и образовните и културните институции.

Исто така повторно се отвораат и фитнес и трговските центри, како и обложувалниците.

Мерката за полициски час останува на сила од полноќ до 5 часот наутро, потоа забраната за движење меѓу општините за време на викендите и обврската да се носат заштитни маски на отворено и во затворен простор.

Строгите епидемиолошки мерки воведени од Црна Гора кон средината на март, кои вклучуваа полициски час од 21 до 5 часот наутро, затворање на училишта и градинки, забрана за движење меѓу општините и затворање на детски игралишта и трговски центри, дадоа резултати и бројот на активни случаи е преполовен.

Особено се забележува пад на бројот на пациенти на дневна основа, кој последните денови падна под 200.

За споредба, во првите три месеци од годинава, просечниот број на пациенти на дневна основа беше поголем од 500, што е близу 0,1 процент од населението во земјата, а според овој параметар, Црна Гора беше меѓу водечките земји во светот.

Вакцинацијата во Црна Гора почна на 20 февруари со донирани вакцини Спутник В од Србија.

До крајот на месецот, црногорските здравствени власти очекуваат уште 200.000 кинески вакцини и нови дози на Астра Зенека, кога ќе започне процесот на масовна вакцинација.

Досега вакцина примиле нешто повеќе од осум проценти од црногорското население. Од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај повеќе од 95.000 Црногорци или 15 проценти од населението во земјата.

Од Ковид-19 починале вкупно 1.412 лица.

извор: МИА

Next Post

Битиќи: УЈП успешно одговори на предизвикот за дигитализацијa и давање квалитетни услуги на обврзниците

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk