ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Бугарија го распуштија Националниот оперативен штаб за координација на борбата со Ковид-19

April 16, 2021 12:24
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот Национален оперативен штаб е распуштен, соопшти прес-службата на Советот на министри. Тоа значи дека неделните брифинзи на седиштето се прекинуваат, јавија бугарските медиуми.

Тоа тело беше формирано по наредба на премиерот Бојко Борисов на почетокот на пандемијата во февруари 2020 година.

Националниот оперативен штаб имаше за цел да ги организира и координира активностите на надлежните државни органи во врска со прогласената од СЗО пандемија со Ковид-19.

Дејствувањето на штабот во текот на изминатата година беше остро критикувано од претставници на политички партии, како и од невладини и граѓански организации.

Критиката стана особено остра во последните месеци пред изборите, кога НОШ направи бројни компромиси во одлуките за наметнување и олеснување на мерките, а објективните критериуми за тоа кога треба да се продолжи со специфични ограничувања целосно исчезнаа, нагласуваат во извештаите бугарските медиуми.

Темата на епидемијата и потребата од промена на планот за вакцинација и ударна вакцинација беше во фокусот на дел од говорите на пратеничките групи на првиот ден од 45-то Национално собрание.

Не е јасно дали ќе има промени во работата и составот на сегашниот Национален штаб за вакцинација.

Политичари во парламентот коментираат за затворањето на Националниот оперативен штаб:
– Ако имаме можност да управуваме, ќе има нов штаб со вистински професионалци, изјави Станислав Балабанов од „Има таков народ“. Според него, нелогично е абдоминалени хирург да предводи „нешто што е поврзано со вирус“.

– Штабот требаше да биде професионален, а не од луѓе што извршуваат политички наредби, истакна Балабанов.

– Секој ден во кој немаме влада е ризик за населението и здравјето на луѓето, е мислењето на Александар Симидчиев од „Демократска Бугарија“, кој исто така беше член на распуштениот стручен совет за Ковид-19 до премиерот. Според него, одлуката за затворање е неодговорна бидејќи владата, иако поднесе оставка, мора да продолжи да работи.

Маја Манолова од „исправи се, мафијата надвор“ рече дека треба да се создаде ново тело од луѓе, докажани експерти од нивната област, кои имаат позиција, храбри, подготвени да ги бранат здравствените одлуки, а не да „клечат на секое крцкање со заби од Борисов“.

извор: МИА

Next Post

Пентагон: Снимките на НЛО од 2019 година се автентични

Shortcut

Најново

Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk