ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Успешна трансплантација на срце кај 27- годишен, сеуште незвесна работата на Собранието, секој обид за прекројување на границите ќе доведе до дестабилизација на Балканот

April 17, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце, на Фесбук напиша министерот за здравство Венко Филипче. Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.

Владата и опозициските партии на Албанците постигнаа договор за законот за државјанство. Детали ќе се соопштат откако предлогот ќе се стави на хартија, со точни правни формулации. На законското решение ќе работат предлагачите, ќе го достават кај извршната власт и потоа ќе биде претставено пред јавноста. Сепак, се уште е неизвесно кога Собранието целосно ќе се одблокира и кога ќе бидат ставени пред пратенциите на пленарна седница петиот пакет антикризни мерки и точките усогласени меѓу власта и опозицијата.

Секој обид за прекројување на границите ќе доведе до дестабилизација на Балканот, постои можност единствено за отстранување на границите и тоа преку членството во Европската Унија и влезот во Шенген зоната, порача вчера македонскиот државен врв во врска со наводниот нон-пејпер, кој словенечкиот премиер Јанез Јанша во февруари го испратил до Брисел и неколку дестинации во ЕУ, насловен како „Западен Балкан-патот напред.

Состојбата во болниците е стабилна, нема некој голем и неконтролиран наплив на пациенти во сите јавно-здравствени установи во Скопје и насекаде во државата. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека после мини притисокот во понеделникот, следните денови е еднаков бројот на испишани и примени пациенти. Се очекува во наредниот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува.

Новиот закон освен што ќе овозможи да има избор на учебници што ќе се користат во наставата по секој предмет, за прв пат овозможува самите учебници да се инклузивни. Тоа значи дека секоја книга што ќе ја имаме во хартиена верзија, да има и аудио верзија, а МОН ќе може да ја печати и на Брајово писмо за децата со оштетен вид, што досега не беше пракса, рече Царовска.

Одлуката што ќе ја донесе Советот на Општина Центар за суспензија на Деталниот урбанистички план, на седница, која се уште не е закажана, ќе пресуди дали на локацијата спроти хотелот „Холидеј ин“ ќе почне изградбата на висококатницата.

М. Миткоска

Next Post

Деталите од жалбата која до Апелационен суд ја поднесе правната одбрана на Јордан Камчев

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk