ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дебата: Медиумите имаат клучна улога во инклузивно известување за време на пандемија

April 20, 2021 14:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Медиумите имаат важна улога во одржувањето на солидарноста и почитувањето на различностите, како и клучна улога во подигањето на свеста за прашања што влијаат на различни групи во општеството. Покрај промовирањето на слободата на изразување и демократските вредности, медиумите имаат улога и во инклузивно известување за различноста, особено во овој период на пандемија.

Ова беше истакнато на онлајн дебатата „Инклузивно известување за различностите во медиумите во време на Ковид-19“, во организација наСоветот за етика во медиумите (СЕММ) и во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. 

Шефот на Отсекот за комуникации и односи со медиумите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Илона Казарјан, истакна дека говорот на омраза, дискриминацијата, стигматизацијата и изоставувањето на гласовите и искуствата на маргинализираните групи, претставуваат сериозни и загрижувачки проблеми во која било земја и оти медиумите имаат важна улога во одржувањето на солидарноста, почитувањето на различностите и градењето вистинско инклузивно општество.

-Истражувањето покажа дека во овој период на пандемија жените ретко се консултираат како експерти и тие честопати се појавуваат како жртви на вирусот во медиумските стории, отколку како посебни индивидуи, истакна Казарјан.

Приказните за ромската заедница, додаде таа, околу наводно ширење на вирусот или неспособност да се усогласат со превентивните мерки само разгоруваат негативни слики и предрасуди кон оваа група.

-Нагласувањето на лицата со попреченост од хуманитарни аспекти, или нагласувањето на возрасниот јаз, зависноста или кревкоста на постарите лица во самите вести, не само што ја поткопува положбата на овие групи граѓани, туку исто така ги нагласува стереотипите и стигматизацијата, рече Казарјан.

Според неа, во вакво опкружување, новинарите и медиумските професионалци имаат клучна улога во подигањето на свеста за прашања што влијаат на различни групи во општеството.

-Спротивставување на стереотипите и дискриминацијата, корекција на погрешни перцепции и стигматизација, запирање на ширењето на дезинформации и обезбедување разновидно објективно и избалансирано известување. Се надевам дека овој настан ќе ни помогне да разбереме како може подобро да се осврнеме на некои од овие примери. Да се заложиме за инклузивно известување за различноста и да станеме сојузници во одбраната на човековите права покрај промовирањето на слободата на изразување и демократските вредности, заклучи Казрјан.

Катарина Синадиновска,претседателка на Совет на етика на медиуми истакна дека медиумите имаат исклучително важна одговорност во известувањето во вакви процеси.

-Кога почна целата пандемија имавме очекувања и како Совет за етика и како професионалци дека имајќи предвид оти се работи за вирус што сите не нападна, на нешто што е поврзано со јавното здравје и заштита на граѓаните, дека медиумите ќе бидат поодговорни и нема да известуваат согласно оние практики што обично се известува за политички настани и процеси. Сепак ова е јавно здравје и очекувањата беа дека одговорноста ќе биде поголема. За жал низ годинава видовме дека многу медиуми ги напуштија новинарските стандарди дури и кога се работи за една ваква сеопшта траума, рече таа.

Нагласи дека имаше говор на омраза, стереотипи, дискриминација по различни основи, виктимизација на жртвите и она што е најстрашно, рече, неточни и непроверени информации.

-И нашата статистика тоа го покажува, дека најмногу се прекршува членот 1 што налага објавување на точни и проверени информации што значи и дека во едно ваков период сме биле оставени на информации на вести што не поминале низ неопходниот филтер на проверка, нешто што е работа и на новинарите и на самите редакции. Што значи дека јавниот наратив и простор обземен со лаги и шпекулации и полуинформации. Кога се работи за јавното здравје тоа може да биде многу опасно и да чини понекогаш живот. И наша работа е да застанеме на страната што ќе се бори против овие појави, подвлече Синадиновска.

Неда Чаловска Димовска, експертка за родова еднаквост, малцинства и недискриминација, рече дека пандемијата ни покажа дека што и да сме знаеле и да сме сметале дека сме направиле во изминатите години, сето тоа се врати назад и оти овие групи повторно станаа најранливи, повторно станаа најисклучени и останаа да бидат најневидливи.

-Ова се групите кои се секогаш на маргините – не се вклучени во сите општествени процеси затоа на времето на пандемијата станаа и повторно на крајот од приказната. Според законот за заштита од дискриминација маргинализирана група преставува една грипа на поединци која ги обединува една специфична положба и секако дека се мета на голем број предрасуди и стереотипи, рече Чаловска Димовска.

Вели дека во нашето општество предрасудите и стереотипите постојат навистина многу, заради тоа што, оцени, освен граѓанскиот сектор, години наназад не се работеше на разбивање на овие стереотипии и предрасуди.

-Да не се лажеме дека само нашето општество е дискриминаторско, исклучувачко или подложно на стереотипи и предрасуди. Тие постојат во маргинализираните групи на глобално ниво. Секаде, во секое општество, постојат стеротипи и предрасуди. Единствената разлика е како државата ќе работи на тоа да ги разбива овие стереотипи и предрасуди и да обезбеди системска поддршка за вклучување на маргинализираните групи во општествените текови, заклучи Чаловска Димовска.

извор: МИА

Next Post

Работи кои би ѝ ги кажала на 16 годишната јас

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk