ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Слободата на медиумите е клучна во кризни времиња, летово се очекува целосна промена на состојбата со Ковид-19

May 3, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ и германската министерка за правда Кристина Ламбрехт изразија загриженост поради нападите врз новинари и ограничувањата на слободата на печатот во многу делови на Европа, нагласувајќи дека слободата на медиумите е од клучна важност во кризни времиња.

Со одлука на Генералното собрание на ОН од 1993 година, 3 мај е прогласен за Светски ден на слободата на печатот, со цел да ги потсетува владите на потребата од почитување и посветеност на слободата на медумите, но исто така и да ги поттикне новинарите на размислување за прашања за слободата на печатот и професионалната етика.

Со масовната имунизација летово се очекува целосна промена на состојбата, од утре ќе се вакцинираат од 10 до 15 илјади граѓани на ден.

На денешен ден е роден Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Македонија

Сите сместувачки објекти од мал обем во кои правилно и целосно се спроведуваат и почитуваат препораките и важечките протоколи за работа на угостителски објекти за сместување од денеска имаат можност да аплицираат за верификација со сертификат и печат “Чисто и безбедно” (safe and clean), соопшти Независната угостителска комора.

ЦУК: Армијата прати 20 војници за гаснење на шумскиот пожар во Галичник, по повлекувањето на хеликоптерот заради силниот ветер.

ЗНМ: Значењето на независното и професионалното новинарство стана поважнo од кога било.

СЕММ: Од властите е потребна поддршка за слободата на медиумите, од професијата – одговорност.

На секое второ лице во светот му се намалиле приходите поради пандемијата на коронавирусот, а луѓето во сиромашните земји се особено погодени со загуба на работното место и скратување на работното време, покажа истражување на Галуп објавено денеска.

Во последните 24 часа, во Индија се потврдени 368.147 нови случаи на Ковид-19, и ова е 12-ти ден по ред како бројот на новозаразени не се спушта под 300.000.

Сите држави од поранешна СФРЈ обезбедија учество на ЕП во ракомет, ждрепката е в четврток.

Повеќе од 30.000 навивачи на Интер бучно ја прославија во неделата вечер на најубавиот плоштад во Милано „Пјаца де Дуомо“ првата шампионската титула на нивниот клуб по пауза од 11 години.

Фото-кино клуб “Козјак” – Куманово ги објави добитниците на награди од конкурсот за Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм “ФИЛМАЈ 2021” – Куманово.

Ј. Ѓ.

Next Post
Фото: МИА

Кризниот штаб предлага полициски час од 23 до 5 наутро, работа на летните тераси до 22.30 часот

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk