ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Заев: Информацијата е јавно добро, дезинформацијата е опасноста

May 3, 2021 15:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Информацијата е јавно добро. Дезинформацијата е опасноста, порача премиерот Зоран Заев во својата честитка до медиумските работници по повод 3 Мај – Денот на слободата на медиумите.

– На Светскиот ден на слободата на медиумите, важно е да повториме и потврдиме дека во Северна Македонија никогаш повеќе нема да дозволиме институциите да кријат информации. Властите кои кај нас криеја информации ја заробија државата. Од 2017 година ги отворивме институциите, ги декласифициравме податоците за трошењата и почнавме да објавуваме серија документи и податочни сетови. Со тоа Владата на Република Северна Македонија која во 2016 беше на последно место, веќе три години по ред е прва по отвореност во регионот, објави на својот Фејсбук профил премиерот Зеев.

Порано, псочува Заев, се правеше сѐ да се скрие од медиумите, а денес службите на министерствата прават сѐ да обезбедат точна, сеопфатна и навремена информација.

– Можеме уште да се подобруваме и ќе се подобруваме, не смее да остане ниту една институција во Северна Македонија со старите навики на затвореност и криење податоци. Брзиот проток на точни информации е гаранција дека медиумите работат слободно. Дека состојбата со медиумите од 2017 постојано се подобрува потврдува и годинешниот извештај за слободите на „Фридом Хаус“ во кој се нотира дека во Северна Македонија расте бројот на критички и независни медиуми особено на онлајн платформите, а најважен индикатор во извештајот на „Репортери без граници“ е што од 2017 имаме постојан позитивен нагорен тренд, што не беше случај со минатата Влада, вели Заев, во својата објава по повод меѓународниот ден на слобода на медиумите.

Извештајот на „Фридом Хаус“, нагласува Заев, уште потенцира дека Република Северна Македонија е единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан. Нашиот напредок е втор најдобар резултат меѓу 29 земји од Европа кои се предмет на анализа во извештајот.

– Владата ја унапредува и ќе продолжи да ја унапредува двонасочната комуникација со медиумите како еден од примарните владини комуникациски принципи. Премиерот, министрите, владините претставници, прес службите, сите кои сме во контакт со медиумите, постојано мораме да ја подобруваме комуникацијата, да одговараме на сите прашања, точно и навремено. Тоа е наша обврска кон демократската јавност, но во исто време и нашето најсилно оружје во борбата со дезинформациите. Денес кога македонското здравството и сите граѓани се бориме со глобалната пандемија КОВИД-19, точните информации се во постојана борба со лажните вести, нагласи Заев.

Заев, исто така, упати апел сите да се вложиме во навремено, точно и масовно информирање и да се спротивставиме на дезинформирањето кое има цел да создава лажна слика, да плаши и да крева паники и да ги носи граѓаните до опасност.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk