ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Дерала во Утрински брифинг: Перјаници на режимот на Груевски сè уште, без никаков проблем пласираат ужасно вулгарен и напаѓачки говор во јавната сфера

May 4, 2021 12:54
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Светскиот ден на слободата на печатот е и ден на поддршка на медиумите кои се изложени на обиди за нивно укинување или ограничување на нивната слободата на изразување, но и ден на сеќавање на новинарите кои ги загубија животите во текот на својата работа. Оваа година, темата на Светскиот ден на слободата на медиумите е „Информацијата како јавно добро“.

„Постигнувањата по падот на режимот во сферата на јакнењето на медиумските слободи се евидентни, но придружени се со низа слабости и предизвици. Слабостите и предизвиците се последица и од трендови со поширок регионален и глобален карактер, но не мал дел од нив се и од субјективна природа“ – е став на ЦИВИЛ од минатата година, кој се нагласува и оваа година.

Во Северна Македонија стана норма проруските политичари да напаѓаат активисти, бранители на човекови права и новинари со недолично однесување на Интернет, малтретирање и закани по нашите животи. Мојот случај, како претседател на организацијата за човекови права ЦИВИЛ, не е исклучок, но сигурно е еден од нај илустративните, се вели во најавата на текстот на Џабир Дерала за Хајнрих Бел.

„ЦИВИЛ како организација и нејзиниот персонал се честа мета на ваквите закани. Неодамна добивме телефонски повик за смртна закана до канцелариите на ЦИВИЛ, со видлив телефонски број на повикувачот. Моите колеги се нарекуваат предавници, платеници, шпиони, џабиристи (што и да значи тоа). Луѓето повикуваат на егзекуција, јавно согорување, затвор, јавно судење и строга казна за членовите на нашата организација“ – пишува Дерала во споменатиот текст.

Токму првиот човек на Цивил, Џабир Дерала беше гостин во Утрински брифинг.

Моите опсервации не се разликуваат многу од оние на експертите во земјава и во меѓународната заедница, организации кои ги следат состојбите во земјава. Што се однесува до Северна Македонија ние имаме еден многу сериозен проблем – тоа е една сериозна политичка и медиумска неписменост. Таа медиумска неписменост се користи за да може да се манипулира со јавното мнение, да се пласираат лажни вести и дезинформации кои пак имаат цел да се оствари некаков политички профит преку говорот на омразата – најчесто етничка, родова, политичка основа…

Проблемот со македонското општество е повеќекратен – сè уште владее неказнивоста – имате ситуација во која бившите добро познати перјаници на режимот на Груевски сè уште, без никаков проблем пласираат ужасно вулгарен и напаѓачки говор во јавната сфера, не само на дел од социјалните мрежи, туку и во медиумите, вели Дерала во Утрински Брифинг.

Очигледно е дека оваа пропаганда, без оглед дали вие сте на власт или опозиција користи и алтернативни извори на средства и алтернативни начини да се пласира црната пропаганда. Имаме една нагорна линија на пропагандата. Имаат доста софистицирани методи. Оние што се во ситуација да бегаат од правдата, да ја манипулираат државата, да работат за други интереси, имаат доволно средства и финансиски и технички и човечки ресурси да можат да лансираат кампања во кое време сакаат и се многу успешни и тие се засноваат на искуства многу познати во светот, смета Дерала.

Во една демократска земја секогаш е полесно да се биде во опозиција отколку на власт. Во нашиот случај се работи за една пропагандна активност која има многу пари зад себе. И тоа еден дел од истражувачките новинари доста успешно го разоткрија во 2018 година, а тоа е еден многу мал дел што всушност се случува. Заради тоа системот мора да почне да работи, ако не може на политички план, тогаш мора финансиската полиција да се погрижи сите средства кои се добиваат во медиумите да се добиваат на жиро сметка и да бидат транспарентни.

Сепак морам да кажам дека црните пари во политиката и во медиумите не се само проблем кој се однесува само на финансиските закони. Тоа е секогаш и безбедносен проблем. Заради тоа една Влада мора да се соочи со изборот меѓу тоа да се справи со безбедносни предизвици кои се предизвикани од таквото финансирање, или пак да не се изложува на ризик да биде премногу критикувана заради контрола на финансиите на медиумите. Како може да ги контролира Вашите и моите средства а да не ги контролира финансиите на еден дел од таа сфера. Тоа треба некој да седне да размисли помеѓу безбедноста и фер односот, вели Дерала.

Next Post
Ковид амбуланта Скопје. Фото: МИА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти, дома се пуштени 38 оздравени

Shortcut

Најново

АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

June 4, 2026

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk