ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Заев не верува дека Црвенковски ќе формира нова партија, во тек е масовната имунизација, одбележан денот на македонскиот јазик

May 5, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Бранко Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, тоа им е јасно на сите, и затоа не верувам во приказните кои се пуштени во јавноста дека тој ќе формира нова партија, оцени денеска премиерот Зоран Заев. Тоа треба дефинитивно да го прашате него, а јас го кажувам заради тоа што тој е еден од основачите на СДСМ и претседател на партијата долг период. Бил премиер, а преку честа да го води СДСМ бил претседател на државата и е наш општественик.

Во тек е масовна имунизација против Ковид-19, бројките на новозаразени и хоспитализирани се намалуваат, што дава надеж за скорешно завршување на епидемијата. Покрај 200 илјади кинески вакцини, во земјава пристигнаа и првите количини од ветените 120 илјади дози од ЕУ што вчера ги доставија еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и австриската министерка за Европа Каролине Едштадлер.

Оваа Влада искрено и силно е посветена во негувањето и унапредувањето на македонскиот јазик, бидејќи нашиот јазик е нашиот национален и културен идентитет, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев, по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, кој Владата пред две години го прогласи за празник во чест на 5 мај 1945 година кога е донесено Решението на Президиумот на АСНОМ за усвојување на азбуката на македонскиот јазик.

Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“, денеска организира одбележување на Денот на македонскиот јазик и 100 – годишнината од раѓањето на Блаже Конески.

Пресудата за 27 април треба да го осуети насилството како легитимно политичко средство. Сите граѓани сведочеа дека настаните од пред четири години беа терористичко уривање на поредокот, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ. Ако сакаме напред опозицијата мора да се откаже од блокирањето како стратегија, вели тој. Имаме Антикорупциска комисија која отвора случаи неселективно и е подобра од она што била до пред неколку години. Претходно не ги знаевме ни имињата на членовите кои што работат таму, а не пак што работат, додаде.

Војна со коронавирусите. Епизода 1 – Вирусот фантом

Дувањето и пумпањето со „Иде Бранко“ е неописив дилентатизам на пар „увреѓени и разочарани“ фиќфириќи заради чиста суета. Вака оди суетењето: ја не го сакам овој, оној другиот не можам да го гледам, а тој па, господ да чува и да брани, и така натаму и на тоа слично. Типичен малограѓански ендорасизам, вели Јовановиќ во Фејсбук статус.

По препорака на Комисијата за заразни болести, поради стивнувањето на епидемијата во земјава, Владата донесе одлука наместо од 21:00 часот, полицискиот час од денеска да започнува од 23:00, а ќе трае до 05:00 часот.

М. Миткоска

Next Post

Дополнителни попуштања на рестрикциите ако продолжи стивнувањето на пандемијата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk