ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Расте интересот за вакцинација, во Скопје вчера хоспитализирани само 7 пациенти од Ковид-19, честитки за Националниот ден на Власите

May 23, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на позитивни лица на коронавирусот во земјата продолжува да се намалува, а се забележува пораст на интересот за вакцинација против вирусот. Министерот за здравство Венко Филипче информира дека досега преку веб платформата vakcinacija.mk  пријавени се 395.776 граѓани.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 7 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 127 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, известуваат од Министерството за здравство.

Еден ден по изнесувањето на португалскиот предлог за одблокирање на процесот на натамошна интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, во Скопје со поддршка на нашиот пат кон ЕУ, но и на предлог решенијата пристигнаа министрите за надворешни работи на Австрија, Словенија и Чешка.

Честитки за Националниот ден на Власите од Пендаровски, Џафери и Заев:

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.

Џафери за Националниот ден на Власите: Почит и благодарност за придонесот кој како заедница го давате во нашето заедничко општество.

Заев го честита Нациналниот ден на Власите: Влашката заедница секогаш била силен и темелен елемент во сите етапи на македонската државност.

Мировни операции во патроли со возила и пеш, обезбедување на база, ескорт на конвои, но и проигрување на голем број инциденти како наидување на раселени лица, напад на конвои и патроли и реализација на голем број на боеви гаѓања се темите на увежбување во првата недела од воена вежба „Одлучен удар 21“ која се одржува на Армискиот полигон криволак од 17 мај до 2 јуни 2021 година.

 

1 of 6
- +

1. фото: Дарко Попов / МИА

2.

3.

4.

5.

6.

Рекордни 650 кубни метри кабаст отпад собрани при акцијата на ЈП Комунална хигиена-Скопје. Во рамките на акцијата за собирање кабаст отпад што, во периодот од 18 до 22 мај, ЈП Комунална хигиена-Скопје ја спроведе во сите скопски општини, граѓаните исфрлиле вкупно 650 кубни метри отпад, составен главно од стар мебел и неупотребливи електронски и електрични уреди.

Кумановци реагираат дека дел од угостителите и правните субјекти ги узурпираат тротоарите поставувајќи, маси, столови или друг вид опрема и го оневозможуваат нормалното движење на пешаците, посебно на лицата со попреченост и на родители со колички. И покрај ваквите реакции, до општината не е стигната ниту една поплака по писмен пат, соопштија денеска надлежните од секторот за инспекциски надзор.

Жител на селото Џир, кај албанскиот град Либражд обвинува дека веќе четири месеци го чуваат во заложништво во селото Топлица, гостиварско.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, сè уште нема донесено одлука за својата иднина. Сега не можам ништо да кажам. Би сакал да се сретнам со управата на клубот во наредните денови. Тогаш ќе видиме што ќе се случи, изјави Зидан за „Марка“.

Ј. Ѓ.

Next Post

Вчера се аплицирани 4.148 вакцини, вкупно се вакцинирани 220.733 граѓани

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk