ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Пораст на бројот на нови случаи со Ковид-19 во Грција, во Албанија прв случај од делта сојот

July 14, 2021 09:26
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во соседството, пораст на бројот на нови случаи со Ковид-19 има во Грција, во Албанија е регистриран прв случај на заразен со Делта сојот на вирусот, додека во Србија има мало зголемување на бројот на заболени, но, според властите, ситуацијата сепак и натаму е стабилна.

Во Грција дополнително се зголеми бројот на новозаразени и по пауза од два месеца, повторно се регистрирани над 3.000 нови случаи, поконкретно вкупно 3.109, а починаа четири лица, јави дописничката на МИА од Атина. Последен пат, над 3.000 новозаразени имаше на 11 мај годинава.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, од новите случаи 24 се увезени, од кои 11 откриени на влезните точки во земјата, а повторно најголемиот број, повеќе од половина (1.571) се во регионот Атика, поширокиот регион на Атина, а 214 се во Солун.

Освен на новите случаи, зголемен е бројот и на хоспитализирани лица, за 31,76 отсто во споредба со завчера, додека, пак, 133 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата во Грција има потврдени 444.783 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 12.806 лица.

epa09014065 A manwaits to receive a shot of the first dose of the Moderna vaccine against the coronavirus disease (COVID-19), in a new vaccination center in Athens, Greece, 15 February 2021. EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Вакцинацијата, како што завчера најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, ќе биде задолжителна за вработените во центрите за грижа и за здравствените работници. Задолжителната вакцинација се однесува на целиот персонал, на здравствениот и административниот, а за прием во центрите за кои важат одлуките, предуслов е завршената имунизација.

Од друга страна, преку специјалната апликација „Covid free“, сопствениците на ноќните клубови, кафулињата и други угостителски објекти во Грција ќе ги проверуваат сертификатите за вакцинација или прележан Ковид-19 на гостите, кои ќе бидат задолжителни за внатрешните делови, каде што дозволено е само седење, согласно новите одлуки на грчката Влада што од петок 16 јули стапуваат во сила и ќе важат до 31 август.

Во Албанија, пак, е регистрираниот прв случај на заразен со Делта сојот на коронавирусот. Станува збор за иселеник кој допатувал од Велика Британија и кој имал благи симптоми уште пред доаѓањето во Албанија, поради што направил тест пред да замине и еден ден по пристигнувањето во Тирана, британската лабораторија му испратила одговор дека е позитивно на Делта сојот.

Директорот на албанскиот Национален ургентен центар и член на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, Скендер Братај изјави дека е можеби ова не е единствениот случај на Делта сојот во Албанија, бидејќи во земјата доаѓаат луѓе од места каде има заразени со оваа варијанта на коронавирусот, а за влез не им се бара ни минимум негативен тест.

– Негативна страна е што бројот ќе се зголеми, што фаворизира понатамошен раст наесен и тоа е проблемот во цела Европа, затоа што веќе се зголемува бројот на оние кои се хоспитализирани. Најпогодени се млади под 30-годишна возраст и невакцинираните, посочи Братај.

Српската министерка за труд Дарија Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека над 99 отсто од хоспитализираните пациенти во последните месеци во Србија не биле вакцинирани, а меѓу оние кои починале како резултат на инфекцијата нема такви кои биле целосно имунизирани.

Одговарајќи на прашање во врска со третата доза, Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека сите што биле вакцинирани двапати, сигурно ќе одат да ја примат и третата доза доколку се покаже дека е неопходна, но предупреди дека сега приоритет е вакцинирање на невакцинирани лица за стекнување колективен имунитет. Според неа, истражувањето за третата доза сè уште се прави, како и дека сега тоа го прават производителите и посочи дека е докажано дека имунитетот по вакцинацијата трае подолго отколку што првично се сметаше.

Next Post

Заев очекува формирање политичка влада во Софија

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026

Мицкоски: СДСМ живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира

April 14, 2026

Поевтинуваат дизелот и бензините, РКЕ со нова одлука

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Фронтлајн на Фејсбук

    ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk