ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Важна сечија помош при гасењето на пожарите, посебна благодарност до сите странски доброволци, Филипче контра Мицкоски – мерките не го „делат народот“, туку се нужни за заштита на граѓаните

August 8, 2021 21:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Филипче контра Мицкоски: Мерките не го „делат народот“, туку се нужни за заштита на граѓаните. Барам максимална одговорност од сите, Делта сојот брзо се шири. Податоците и трендовите кои ги имаме се многу сериозни. Апелирам на доследно почитување на постоечките мерки за заштита и масовна вакцинација. #ВакцинирајСе“, реагира Филипче.

Заев благодарен, вечно ќе се памети помошта која живот значи. Мештаните, општините и државата се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината. Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на терен, истакна премиерот Заев во објава на неговата официјална Фејсбук страница.

Радио МОФ: Огромна благодарност од македонските граѓани до австриските пожарникари доброволци. „Ви благодариме многу“, „Респект и благодариме Австрија за вашата помош и поддршка“, „Да сте живи и здрави“, ова се само дел од стотиците коментари кои Македонци, заедно со по некој гиф ги објавуваат на објавите на Фејсбук страницата од австриската доброволна противпожарна организација „Ное“.

Заев: Бев на одмор 3 дена и се вратив затоа што почувствував дека народот сака да ме види овде. Системот функционира како што функционира и во другите држави. Од премиерот се очекува да се биде премиер и да ги координира службите. Не се очекува да биде пожарникар, но народот сака да те види овде во шумата по планината, заедно со сите други да ги охрабриш, затоа што и тоа е важно некогаш граѓаните викаат ние сакаме да ве видиме овде со нас, кажа Заев во вестите на Сител.

Старата ФАП цистерна стана хит – Редовно е сервисирана, 8.000 тони вода истури, изјави Заев. „Го видовме тој ФАП-от во струмичко-гевгелискиот регион, ама 8.000 тони вода истури. Знаете како, тој на терен е и активен. Возобновена е машината комплетно, го вози Јоцо Манго од Струмица го познавам директно, струмички пожарникар, а еден таков има и во Демир Капија исто така, но исто така активен е “, рече Заев.

 Главниот штаб при ЦУК ги договара утрешните активности. Пожарот во атарот на Делчевско е активен, при што се појавиле нови жаришта. Пожарот кај село Разловци на местото викано Чокалица е локализиран, но екипите се уште се на лице место. Пожарот во атарите на селата Тработи и Нов Истевник на натот кон Света Вода е ставен под контрола, но на местото остануваат 4 вработени од Шумското стопанство за да ја контролираат состојбата, а останатите се повлечени и упатени кај село Разловци.
Во Дебар расте бројот на заразени со Ковид-19, а ретко кој почитува мерки. Епидемиолошката состојба се влошува, а бројките се само потврда дека вирусот сè уште е меѓу нас и се шири. Невнимателноста на самите граѓани и непочитувањето на мерките се причина повеќе за ширењето на вирусот. Тука секако масовното присуство на иселениците и одржувањето на разни домашни веселби, изјави за МИА, Арбијон Колари, лекар во Ковид-центарот при Општата болница со проширена дејност во Дебар.
И. Т. З.
Next Post

Активни пожари на повеќе места, меѓу кои и во прилепско, делчевско, штипско, светиниколско

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk