Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на својот Твитер профил напиша дека за момент поверувал дека моторната пила на австриските доброволци е навистина украдена и дека цел ден околу нив се „мотала“ делегација на ВМРО-ДПМНЕ.
„Да бидам искрен за миг и јас поверував на лажната вест за украдената моторна пила од австриските пожарникари. А и како да не поверувам кога токму тој ден околу Австријците се моташе делегација на ВМРО ДПМНЕ“, напиша директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на Твитер.
Да бидам искрен за миг и јас поверував на лажната вест за украдената моторна пила од австриските пожарникари.
А и како да не поверувам кога токму тој ден околу австријците се моташе делегација на ВМРО ДПМНЕ.— Stojanche Angelov (@StojanceAngelov) August 12, 2021
Пред неколку дена, на социјалните мрежи беше објавено дека на австриските доброволци-пожарникари им била украдена моторна пила. Оваа информација ја демантираше првиот човек на Центарот за управување со кризи, Ангелов а демант пристигна и од Дирекцијата за заштита и спасување.
Како што објавуваат од ДЗС во демантот, веста пласирана од извесен Бојан Петровски на неговиот Фејсбук профил, а преземена од некои портали, е лажна вест.