ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Започнува учебната година во Грција –  со физичко присуство и под строги здравствени протоколи

September 13, 2021 07:42
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Под строги здравствени протоколи што предвидуваа документ поврзан со Ковид-19, како за учениците така и за наставниците и професорите и со задолжителна употреба на маска, од денеска со физичко присуство, почнува новата учебна година во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

За просветните работници, односно за наставниците и професорите, задолжителен е сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 во последните шест месеци или негативен лабораториски тест два пати седмично (секој вторник и петок), а трошоците за тестирањето ќе биде на товар на просветните работници.

Слични се условите и за учениците, односно и за нив ќе биде потребен документ поврзан за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, доколку се постари од 12 години или потврда за прележана болест во последните шест месеци или изјава по направен селф тест, задолжителен два пати седмично (секој вторник и петок).

Како и минатата учебна година, кога по карантинот се отворија училиштата, така и сега, учениците кои не се вакцинирани или се помали од 12 години ќе се тестираат со бесплатни тестови за домашна употреба, односно т.н. селф тестови, кои веќе се достапни во аптеките.

Селф тестот е задолжителен два пати седмично, учениците ќе треба секој вторник и петок на училиште да носат потврда со негативен резултат од тестирањето направено до 24 часа пред пристигнувањето.

За разлика од лани кога во случај на Ковид-19 целото одделение или клас, по потврдениот случај или потврдените случаи продолжуваа со онлајн настава, оваа учебна година, наставата со физичко присуство ќе се прекине само доколку има 50 отсто плус еден позитивен случај од вкупниот број на ученици.

При позитивен случај на Ковид-19, ученикот ќе биде во изолација најмалку десет дена и во училиште откако три дена ќе биде без температура и нема да има други симптоми.

Посебни правила има за блиските контакти на потврдениот случај, односно во период од седум дена потребно е дополнително тестирање на класот или одделението.

Доколку се работи за невакцинирани ученици или наставници два рапид теста, а за вакцинираните доволни се два селф теста.

Намерата на грчката Влада е наставата да започне и да заврши со физичко присуство на учениците и училиштата да останат отворени, нешто што вчера, од Солун, го повтори и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

-Нашата намера е училиштата да останат отворени. Имаме многу јасни протоколи кои ни ги посочи Комисијата на експерти во однос на тоа кога би се затвориле училиштата. Очигледно е дека во овој момент не сум во позиција да го предвидам текот на пандемијата од моментот кога ќе отворат училиштата. Тоа е непознато, не само за Грција, туку за целиот свет и сите во овој момент го следат тоа. Што е сигурно? Дека треба да го зголемиме процентот на вакцинација на децата над 12 години, рече Мицотакис за време на вчерашната прес конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун и упати апел до родителите и учениците да се вакцинираат.

Паралелно изрази задоволство што осум од десет просветни работници се вакцинирани, со што Грција во овој дел е многу повисоко од други европски земји./МИА/.

Next Post

Умерен сообраќај по суви коловози, без подолги задржувања на граничните премини

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk