Мицкоски „корисен идиот“, дилетант, МИЦИКА, МИЦИ во колумната на Оливер Андонов, полна омраза и теории на заговор за „разнебитување на Македонија“…Не изостануваат примитивниот речник, навреди, дискредитации и дискриминации…Мора да ја почекаме истрагата, опозицијата да престане да ја злоупотребува несреќата во Тетово во политички цели, вели Љупчо Николовски.
ФРОНТ, АНАЛИЗИ И РЕНДГЕН
Ерменско-македонската каша-попара продолжува. Не знам кој на што се надева, но „ерменската афера“ со македонското „дипломатско“ замешателство е тука – и нема наскоро да си замине. Приказната е со компоненти на холивудски трилер во доменот на настаните што се случувале вон територијата на државава, а она што ја тангира Македонија е со елементи на домашниот жанр „институционален хорор“ во кој допрва останува да се уточнува кој и што знаел, кога дознал, и што преземал или одмолчил. И зошто?Да се потсетиме… пишува колумнистот Сашо Орданоски.
Светска банка: Заштитата од пожари во модуларната болница во Тетово е надлежност на директорот и персоналот. Од Општина Тетово веќе излегоа со тврдење дека тие немале никаква надлежност во фазите од изградбата и контролата на објектот. Од надлежните во болницата досега немаше никаква реакција што се должи и на тековната истрага во која се опфатени.
Попишани вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица.
Привремена Комисија на јавното обвинителство ќе следи евентуални изборни нерегуларности. Формираната комисија на јавното обвинителство проактивно ќе ги следи настаните, во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија и превентивно делување.
НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Пендаровски – Гутереш: Деблокадата на евроинтеграциите од интерес за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа во целина.
Проблем на Бугарија не е дали ќе ги нарекуваме фашисти, туку дали ќе ги нарекуваме окупатор, вели историчарот Тодоров. Тој смета дека ние не треба да градиме негативни односи во учебниците воопшто, не само за Бугарија. Тодоров потсетува на бугарските флоскули „еден народ две држави“ и „бугарски земји“ кои се користат за околчување, па потоа сѐ што е внатре се вели „ова е мое“ и оттука се градат политики кои Балканот виде дека се штетни, потсетува Тодоров.
ПРАВДА И ЕКОНОМИЈА
Осумдневен притвор за лекарка од Куманово за примање поткуп. Таа во два наврати, на свои пациенти, им побарала износ од по 12.000,00 денари за да им изврши операција на катаракта, под изговор дека ваквите средства и се неопходни за набавка на леќи, иако леќите ги набавува самата болница, а оштетените не биле должни да го платат наведениот износ.
И. Т. З.