Активностите за поголема транспарентност што постојано се преземаат од Народната банка, придонесуваат за кредибилитетот на политиките, Република Северна Македонија е рангирана на првото место во регионот во три области: трговска политика (поткатегорија е-трговија), енергетска политика и политики за вработување, средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани.
ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА, ПОПИС
Здравствената заштита (85%) и економско- социјалната стабилност (82%) се најважните теми од интерес на општата популација што живее во земјава, и преземањето специфични прагматични активности за подобрување на квалитетот на животот е клучна мотивација за луѓето да станат општествено и политички активни – ова го покажува сеопфатната анализа за „Влијанието на демографските фактори врз учеството на граѓаните во јавниот живот и едукацијата на гласачите во Северна Македонија.
Активностите за поголема транспарентност што постојано се преземаат од Народната банка, придонесуваат за кредибилитетот на политиките коишто ги води Народната банка, како и за стабилноста на финансискиот систем.
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк се сретна со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, при што беа разменети мислења за севкупните активности на Република Северна Македонија во рамки на ОН, како и за улогата на организацијата во справувањето со глобалните прашања.
Северна Македонија е подготвена да се вклучи во конструктивен дијалог со Бугарија, за да обезбеди целосна имплементација на Договорот за добрососедство и соработка. Во исто време согласно истиот Договор очекува Бугарија да продолжи да биде наш пријател и поддржувач во процесот на евроинтеграција, порача македонскиот државен врв.
Вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во јуни 2013 година, беа потребни 4,05 минимални плати за покривање на една потрошувачка кошница. Во јули 2017 биле потребни 3,22 минимални плати за покривање на една потрошувачка кошница, а во јуни оваа година потребни се 2, 25 минимални плати за покривање на една потрошувачка кошница во едно семејство. И од ова јасно се гледа како е подобрен животниот стандард на граѓаните на Република Северна Македонија
Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во гостувањето во емисијата на новинарот Васко Ефтов, изгледаше песимистично за основање на нова влада предводена од Христијан Мицкоски.
Колку и да се труди Христијан Мицкоски не може да наметне лажна перцепција кај гласачите, велат од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е сигурен губитник на изборите, тоа преку ноќ не се менува со брифинг на Мицкоски.
Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Државниот завод за статистика (ДЗС) од утре ќе им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност, соопшти на денешната прес-конференција Јасмина Ѓоргиева од ДЗС.
Република Северна Македонија е рангирана на првото место во регионот во три области: трговска политика (поткатегорија е-трговија), енергетска политика и политики за вработување, додека во вкупно 10 области е над или на ниво на другите земји опфатени со прегледот.
Мицкоски на денешната прес-конференција го газеше местото за лица со посебни потреби за да го има на телевизија!
ПАНДЕМИЈА
Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 23 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Засега нови рестриктивни мерки или некои препораки нема да има освен тоа што сега е како критериум за влез на настани, угостителски објекти и се бара најмалку една доза вакцина. Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани.
СВЕТ
Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да гласаат за Армин Лашет, конзервативниот кандидат на нејзината партија ЦДУ, за да ја одржат Германија „стабилна“. Пораката е испратена два дена пред одржувањето на парламентарните избори на кои се бира нејзин наследник.
Кинеската Централна банка ги прогласи сите трансакции со криптовалути за нелегални и ќе бидат забранети. Со тоа тие испраќаат досега најсилен сигнал за својата решеност да ја урнат индустријата.
В.Д