Заев во германската амбасада ги следи изборите во Германија. Тој се сретна со германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн. Како што може да се забележи од фотографијата Заев е на иста маса со Мицкоски и Холштајн.
Околу 64 милиони Германци денеска го избираат идниот состав на парламентот.
Прогнозата на телевизијата ЗДФ укажува дека СПД води со 26 проценти од гласовите, а коалицијата ЦДУ/ЦСУ има 24 отсто од гласовите.
Според јавните радиодифузери АРД и ЗДФ, ЦДУ и нејзината сестринска партија Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), ќе освојат меѓу 24 и 25 проценти од гласовите.
Резултатите од двете излезни анкети покажуваат дека Зелените, предводени од Аналена Бербок, се на трето место, со околу 15 проценти од гласовите.
Тесниот резултат на изборите покажува дека претстојат долги преговори за новата влада и дека е неизвесно кој ќе ја наследи канцеларката Ангела Меркел, која се повлекува од функцијата по 16 години на чело на германската влада.
Ј. Ѓ.