ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Бега од ТВ дебати кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, да му берат гревот го зеле на душа

October 4, 2021 13:35
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Во екот на предизборната кампања, каде кандидатите од сите политички партии се борат за секоја секунда достапен јавен и медиумски простор и ја користат секоја прилика за соочување со противкандидатите и аргументирање на својата програма и понуда, имаме ситуација кога кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, ги откажува сите ТВ дебати со противкандидатите.

Тој вели дека иако имал покани за учество на дебати од неколку медиуми, нема да биде дел од истите, заради, како што вели, нерасчистените јавни закани по неговиот живот.

Во една тирадична и нелогична изјава, Јовчески се обидува да се скрие, или пак ВМРО-ДПМНЕ сака да го скрие својот кандидат?

Просто е неверојатно колку е ова неиздржан изговор за да се избега од јавно соочување со противкандидатите.

Како ли ВМРО-ДПМНЕ мисли да се испере со една ваква јалова изјава?

Да се потсетиме, токму Сугарески прв застана во одбрана на Јовчески и ги осуди заканите што некој недоветник му ги испрати преку социјаните мрежи.

„Згрозен сум од објавениот фејсбук статус на сметка на личната трагедија на кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески. Без разлика дали станува збор за вистински или лажен профил, како политичар, но пред сè како човек, најостро го осудувам крајно морбидниот и нехуман чин. Никој нема право да се изживува и да злоупотребува било чија лична трагедија за лични или било какви други интереси“, реагираше тогаш Сугарески.

Потоа следеше заедничка средба на Сугарески и Јовчески, на иницијатива на Сугарески. Таа средба беше поздравена од цела јавност. Така тоа се прави во модерни демократии.

Горан Сугарески и Борче Јовчески на заедничка средба. 23 септември 2021 година. Фото: Фејсбук

Сугарески тогаш истакна дека во политиката постојат политички конкуренти, а не непријатели и додаде дека задача на секој одговорен политичар е да ги обединува граѓаните, не да сее раздор помеѓу нив.

За што ли сега зборува Јовчески, навистина е надвор од секој резон.

Тука се поставува прашање и за непочитувањето на Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ и кон другите противкандидати кои претендираат за градоначалник на Прилеп, не само кон Сугарески од СДСМ.

„Сметам дека е неприфатливо во 21 век, претендент за една ваква јавна функција да одбива да ги соочи аргументите и да ги презентира проектите кои ги нуди, наспроти политичките противници (народот сака да знае каков кандидат поддржува и што тој нуди наспроти останатите кандидати, народот сака да ги чуе неговите аргументи, држење и идеи за сите прашања. Тој тоа не му го должи само на членството на ВМРО, ами на сите останати граѓани кои не го познаваат а од кои го бара гласот за победа на изборите)“, во објава на Фејсбук вели кандидатот за градоначалник на граѓанската иницијатива „Че вреди“, Жарко Стеваноски.

– Жалам за членството на ВМРО што ќе мора да ја проголта кнедлата од изборниот пораз, поради ваква причина, на која ниту еден партиски член ќе нема срце да и забележи како погубна политичка одлука, вели покрај другото Стеваноски.

Што се обидува да скрие ВМРО-ДПМНЕ и Јовчески, со бегањето од ТВ соочувања?

Личната, партиската и политичката неспособност за соочување и оскудната програмска понуда, Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја затскријат со патетични изговори. Ова е тој себичен и потценувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ кон прилепчани, на кој нè беа навикнале за време на режимот и 12 годишното хилта-владеење со Прилеп.

Со ваквиот однос сакааат да нè потсетат на ароганцијата, на неспособноста на кадрите кои ги недри ваквото ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп и низ целата држава?

Благодариме, но нема потреба, добро паметиме!

Паметиме и како се однесуваа ВМРО-ДПМНЕ кон јавноста кога беа на власт. Се сеќаваме како бегаа од дебата, дуел, никакво соочување не прифаќаа вмровците на Грујо, освен ако не беше тоа кај нивните медиумски демагози и сеачи на говор на омраза: Латас, Јанко, Миленко и слична медиумска болумента.

Овие вмровци од Мицкоски, сега не се појавуваат на дебати и дуели ни кога се во опозиција. Немаат што да кажат, се срамат од својот кандидатот, не му веруваат, па затоа не го пуштаат на ТВ соочувања, што ли е посреди? Како мисли Јовчески да води град, ако се плаши од вербална дебата со аргументи, навистина е за чудење.

Да му берат гревот, го зеле на душа, велат прилепчани.


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.

Next Post

Во Мексико за исчезнати се водат 100.000 луѓе

Shortcut

Најново

Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk