Во недела изборот ќе биде рационален. Слободно сега опцујте ја елитата зошто заслужуваат… Апасиев престрашен од исламизација а неговиот кандидат за градоначалник од Шуто Оризари го прави спротивното на што ИВЗ остро изреагира. Кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се осуденици. Голем дел од починатите биле невакцинирани.
ФРОНТ, КОМЕНТАРИ И РЕНДГЕН
Дембелана…. Елита? Слободно опцујте сега, заслужуваат. Знаете што имаат заедничко? Незнаењето и ароганцијата. Едното го храни другото и само растат – и незнаењето и ароганцијата. И тие учествуваат во создавање на политичката култура во оваа земја. Среќа што не се единствените. Има оваа земја луѓе високо качени над мочуриштето што го создаваат овие мрцини, испијте го попладневното еспресо со Џабир Дерала.
Во недела, изборот ќе биде рационален. Претпоставувам дека така ќе биде и на овие локални избори, чија кампања, до сега, поминува во, генерално, фер и демократска атмосфера. Ќе излезат луѓето и ќе гласаат, кандидати има „едно чудо“, мнозинскиот избор ќе биде рационален. Така опстојува демократијата, пишува во најновата колумна, Сашо Орданоски.
Бедата на југенд-сајбер „Левица“… Според она што ни е познато, југендот на „Левица“ припаѓа на онаа маса која е социјално несреќна, пауперизирана, што значи дека во оваа земја такви луѓе има премногу, ама тоа не го спречило да отиде на Могилата на непобедените, што од друга страна ни кажува дека „членот“ на „Левица“ имал и некои поопасни замисли кога се во прашање некои други политичари, да погодуваме? Кој друг ако не е таргетот вперен во Зоран Заев! Од сите политичари на Могила, на малиот југенд само Заев му беше таргет, а останатото е историја, пардон: останатото е хистерија!, пишува Ненад Јовановиќ за Слободен печат.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Апасиев стравува од исламизација, а неговиот кандидат за Шуто Оризари организира исламска молитва пред Влада – што е целта?
Последен ден од кампањата за Локалните избори 2021. СДСМ ќе одржи предизборни собори во Арачиново, Велес и Куманово. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Карбинци, Лозово, Свети Николе и во Штип. Левица ќе има „завршна дружба“ со избирачите во Градскиот парк во Скопје, а средба со граѓаните во скопската општина Центар ќе има и Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП. ДУИ ќе ја заврши изборната кампања во Гостивар, Беса во Тетово.
На дебатата на „Канал 5“ телевизија, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и укажа на противкандидатката Данела Арсовска дека сериозно ги потценува скопјани кога се обидува да се себерепрезентира како независна кандидатка. „Вие сте кандидат на ВМРО-ДПМНЕ кој што се обидува да ги изигра скопјани“, изјави Шилегов, покажувајќи јавно достапен документ од Државниот завод за ревизија.
Јотова: Бугарија има право на цврста позиција кон Северна Македонија за бугарските воени споменици. Прашањето за членство на Република Северна Македонија во ЕУ не е само бугарско, само балканско, туку е и паневропско, бидејќи се работи за политичко проширување на Унијата, тема што долго време беше на европската маса и која, за жал, не го најде својот консензус, вели потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
ЕКОНОМИЈА
Заев: ТЕЦ „Осломеј“ ќе биде првата енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот. Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ за неколку месеци треба да бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична електрана. Вкупното годишно производство од оваа нова фотоволтаична електрана ќе изнесува 15-17 гигават часови, доволни за потребите на околу 2.800 домаќинства, истакна премиерот Зоран Заев.
Бислимоски: Со УСАИД ги изработивме сите подзаконски акти со кои се штитат потрошувачите. Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) доби благодарница за успешна соработка во спроведување на Проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергија, информираат од регулаторното тело.
ПАНДЕМИЈА
Нови 413 случаи со Ковид-19, девет починати. Во текот на изминатите 24 часа починале девет лица од кои четири од Скопје (74г, 73г, 72г и 28г), две од Велес (86г и 74г) и по едно од Кавадарци (65г), Пробиштип (55г) и Штип (71г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
МЗ: 83% од починатите од ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 79 отсто, додека само 21 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани… За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина“, велат од Министерството за здравство.