Голем број фејвови и ретвитови доби денешниот твит на профилот Вивиана, во кој се вели:
„Заев имаше доблест да се повлече. Дали Мицко ќе се повлече ако не формира мнозинство со кое ќе ја турне владата на сдсм-дуи и ќе формира нова? Или пак ќе нема храброст за тоа, како и по многуте изгубени избори во изминатиот период.“
Твитот го презедоа и го коментираа повеќе интернет портали, а секако предизвика и негативни реакции од дежурните партиски тролови на радикалните инсталации.