ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Од утре почнува сезоната за ноќно скијање на Пониква

December 23, 2021 12:36
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Од утревечер на Пониква почнува сезоната за ноќно скијање, што ќе се реализира на двете патеки што располагаат со ски-лифтови.

Концесионерот на терените на Пониква, фирмата „Еурокомерц“ од Кочани, информираше дека патеките број 1 и 3 се подготвени со користење наменска машина – ратрак, а на посетителите им се нудат дополнителни можности за рекреација.

-Последните врнежи од снег и ниските температури придонесоа снежниот слој да се задржи со доволна цврстина, така што љубителите на скијањето можат да уживаат и во текот на ноќните часови. Скијачките патеки ќе бидат отворени до 20 часот, осветлени се и соодветно обележани, а во функција се ставени и двата ски-лифта. Посетителите можат да изнајмат опрема за скијање или санкање, а цената на ноќниот билет е 500 денари за двете патеки, истакна Благој Манев, директор на „Еурокомерц“.

Во зависност од временските услови се планира ноќното скијање да продолжи во текот на целата зимска сезона, а по потреба дополнително ќе се анагажираат и топовите за производство на вештачки снег.

Ноќното скијање на Пониква беше воведено пред три години со реконструкцијата на ски-лифтовите и осветлувањето на патеките, а целта на Локалната самоуправа на Кочани е да се овозможи подолго користење на капацитетите на рекреативниот центар и подобрување на условите за развој на планинскиот туризам./МИА/.

Next Post
О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

По констатираната оставка на премиерот и Владата, во Собранието одложена седницата за пратенички прашања

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk