Овие денови во центарот на вниманието во Канада е протест на камионџии коишто протестираат против задолжителното вакцинирање. Сепак, уште веднаш можеше да се забележи дека се работи за однапред смислено сценарио и дека овој протест е всушност протест на опозицијата против власта и против канадскиот премиер Џастин Трудо.
Уште првиот ден масовно на протестот се вклучуваат (така да ги наречам) канадските ‘вмровци’. На последните предвремени парламентарни избори опозиционата Конзервативна партија повторно доживеа пораз и сега се обидуваат на друг начин, ‘со мускули’, да дојдат на власт. Наместо против вакцините, од камионџиите и од нивните поддржувачи сè погласно се бара оставка од Џастин Трудо.
Главниот град Отава е целосно блокиран. Лесно во државата можат да се најдат неколку десетици илјади коишто не можат да се помират со фактот дека се во опозиција. Се разбира, со поддршка се вклучуваат и антиваксерите во државата. Не дека се којзнае колку многу, но во држава со близу 40 милиони жители, доволно е и еден промил (40 илјади) за да изгледаат многу. И плус се многу гласни.
Знаете ли што ќе се случи со овие протести?
Ништо нема да се случи. Единствено ќе се предизвикаат нови поделби и нова омраза меѓу луѓето. Типичен производ на ‘десните’. Истото го правеа и поддржувачите на Трамп кога влегоа во Конгресот на САД. Истото го правеа и симпатизерите на Груевски кога влегуваа во општина Центар и во Собранието на „крвавиот четврток“. И ред слични примери, насекаде во светот. Déjà vu.
Ацо Лукароски






