ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

СЗО критикуваше повеќе европски држави заради пребрзото укинување на антиковид мерки

March 22, 2022 16:21
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија, Франција, Италија и Обединетото Кралство, пребрзо ги укинаа своите антивирусни мерки и сега се соочуваат со голем скок во случаите на коронавирус предизвикан од БА.2 подваријантата на омикорн сојот, истакна денеска Светската здравствена организација.

Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге на прес конференција во Молдавија кажа дека „внимателно ја следи“ моменталната епидемиолошка ситуација на континентот, нагласувајќи истовремено дека останува „оптимист“.

Во моментов растат бројките на случаи на Ковид-19 во 18 од 53 земји, кои припаѓаат на европската зона на СЗО, наведува организацијата.

-Земјите во кои бележиме посебен раст на бројот на заразени се Велика Британија, Ирска, Кипар, Грција, Франција, Италија и Германија“, рече Клуге.

Овие земји нагло ги укинаа ограничувањата, од „премногу рестрикции на недоволно“, оцени тој.

Според СЗО, бројот на новозаразени во Европа значително се намалил по врвот на крајот на јануари, но повторно почнал да расте на почетокот на март.

Според епидемиолозите, овој нов скок се објаснува со доминацијата на подваријантата BA.2 на омикрон сојот, која е околу 30 проценти позаразна, но не и поопасна од нејзината претходничка BA.1.

Во текот на изминатите седум дена во зоната на СЗО за Европа, пријавени беа повеќе од 5,1 милиона нови случаи на инфекции и 12.498 смртни случаи

Петтиот бран што ја погоди Европа не е завршен, а експертите укажуваат на „небрежната“ политика низ Европа, каде што земјите веќе беа обвинети за пребрзо укинување на мерките за време на претходните бранови.

-Во моментов сум оптимист, но претпазлив, изјави Клуге и додаде дека сите „ќе мораме да живееме со Ковид-19 уште некое време, но тоа не значи дека не можеме да се ослободиме од пандемијата“.

Треба да се фокусира на четири приоритети, заштита на ранливите, зајакнување на надзорот и секвенционирањето, овозможување на земјите пристап до нови антивирусни лекови и насочување кон постковид или долгиот ковид.

Next Post

УКИМ го нема на Шангајската листа, јавноста се дезинформира со стара вест

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk