Погледнете го видеото на YouTube со реакциите на различните коментатори ширум светот. Сите нè нарекуваат Македонија.
Тоа не се должи на „успехот“ на „Никогаш Северна“ идиотите. Тоа е поради фактот што ние СМЕ Македонија, без разлика на префиксот, наметнат од реалноста на меѓународната политика. Па грчкото МНР нека праќа колку сака протестни ноти по телевизиите ширум светот.
На крајот на денот, никој не може да ни го уништи идентитетот. Освен ние самите.
А главниот проблем, е што поделбите, омразата и пропагандата на генераторите на страв идат токму во таа насока – собирање на политички поени, макар и по цена на уништување на сè што е постигнато. Тие дури и го посакуваат тоа, бидејќи така ќе имаат чист терен пред себе.
Фејсбук објава на Павле Богоевски