ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Кагури за Фронтлајн: Ромите се повеќе од само гласачи, важни се исто како и другите народи во државата

Денес се одбележува денот на Ромскиот народ – народ измачуван, убиван, отфрлан, дискриминиран но сепак издржлив, храбар и борбен за своите права и слободи, изјави Кагури.

April 8, 2022 14:36
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ромите се повеќе од само гласачи, Ромите не се граѓани од втор ред и не заслужуваат внимание само еден ден во годината, Ромите се важни исто како и другите народи во државата, вели активистката Алмира Кагури за Фронтлајн, по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Хекуран Дука градоначалник на Општина Дебар и Алмира Кагури, настан по повод Меѓународен ден на Ромите

Денес се одбележува денот на Ромскиот народ – народ измачуван, убиван, отфрлан, дискриминиран но сепак издржлив, храбар и борбен за своите права и слободи, изјави Кагури.

На 8ми Април го прославуваме Меѓународниот ден на Ромите кој е официјално прогласен за Меѓународен ден во 1990 година на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска. Денес се одбележува денот на Ромскиот народ – народ измачуван, убиван, отфрлан, дискриминиран но сепак издржлив, храбар и борбен за своите права и слободи. Народ со свој јазик, знаме, култура и традиција. РОМИ – тоа  е нашиот назив, секој друг збор за нас е неприфатлив и навредлив.

Таа истакна дека соработката со општината и градоначалникот е од исклучителна важност за активистите на локално ниво и дополнително придонесува за поттик и мотивација кај младите Роми за вклучување во активностите и заедничка борба за интеграција во општеството.

Хекуран Дука градоначалник на Општина Дебар, настан по повод Меѓународен ден на Ромите

Во општина Дебар организираме настан на кој присуствуваше и градоначалникот г-дин Хекуран Дука кој додели пофалници на ученици од основното и средно училиште во општина Дебар. Соработката со општината и градоначалникот е од исклучителна важност за нас како активисти на локално ниво и дополнително придонесува за поттик и мотивација кај младите Роми за вклучување во активностите и заедничка борба за интеграција во општеството и креирање на здрава и просперитетна иднина на младите Роми во нашата општина.

Општина Дебар, настан по повод Меѓународен ден на Ромите

Кагури потсети на долгогодишната борба на Ромите и нагласи дека мора да се рамноправни со другите народи, дека не се важни само како елекоторат, за време на избори.

На овој ден потсетуваме на долгогодишната борба на Ромскиот народ за подобар и подостоинствен живот. Борбата против дискриминацијата, сегрегацијата и расизмот. Испраќаме јасни пораки дека Ромите се повеќе од само гласачи, Ромите не се граѓани од втор ред и Ромите не заслужуваат внимание само еден ден во годината, Ромите се важни исто како и другите народи во државата. Нека е честит и вековит 8ми Април – Меѓународниот ден на Ромите. Bahtalo 8to April ! Opre Roma !

М. Ацковска

Next Post

Ивановска: До ДКСК нема пристигнато никаква пријава за Мухамед Зекири

Shortcut

Најново

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk