Денес Груевски и Мијалков осамнаа на црната листа на САД. Додик и Цвијановиќ од денес се дел на црната листа на Велика Британија. Додик од поодамна е на црната листа на САД. Што е дополнително слично на Груевски и Додик? Двајцата имаат сериозна политичка и логистичка поддршка од Орбан, пишува на Фејсбук Џељо Хоџиќ.
„Кој од Северна Македонија иде редовно кај Орбан? Двоецот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски – Николовски иде редовно кај Орбан. Што бараат таму? Политичка и логистичка поддршка за својата политика.
Има тука одредена групација на медиуми која ги поддржува ултра-десните и ултра-левите, анти -западните, про-руските политики. Некои од нив имаат потекло од државата каде Орбан неприкосновено владее. Тоа е исто дел од таа поддршка која анти-западните политики ја имаат кај нас.
Поради правото на вето кое Орбан го има во ЕУ, кон овие санкции не е вклучена ЕУ. Алтернативата која демократските држави ја бараат е да воведат санкции поединечно како држави, па во следниот период да не се изненадите ако Германија, Холандија и сличните држави воведат санкции за Додик, Груевски и сличните.
ВМРО-ДПМНЕ одамна со своите политики не припаѓа на десниот центар, или она што се нарекува ЕПП семјство, туку повеќе е блиска на политиките на крајно десните партии. Убеден сум дека во следниот период и ова ќе стане една релевантна тема внатре во ЕПП. Затошто ДПМНЕ е многу поблиску до политиката Орбан и Ле Пен, отколку до политиката која ја водеше Ангела Меркел.
Нашата опозиција е составена од една крајно десна македонска партија (ДПМНЕ), од една крајна лева македонска партија (Левица). Прашање е кога Алијанса на Албанците и Беса ќе ја преиспитаат соработката со овие две партии или ќе ја изгубат поддршката кај гласачите-Албанци.
Почитувни, САД и Велика Британија се наши стратешки партнери. Државите со авторитарни режими се пријатели на оние кои во демократските држави завршуваат на црните листи. Демократијата ќе ја добие битката со авторитарните режими“, стои во статусот на Џељо Хоџиќ.