ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јорданов: „Има таков народ“ нема да дозволи тргање на ветото за Северна Македонија до крајот на француското претседателство

Рано е, како што рече Јорданов, да се каже дали владејачката коалиција ќе издржи до крајот на годинава… Тој беше категоричен дека министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска, која е од ИТН, ја следи официјалната политика, за разлика од премиерот Кирил Петков, кој се обидува да протурка поинаква политика на оваа тема.

April 17, 2022 17:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на пратеничката група на „Има таков народ“ во бугарското Народно собрание Тошко Јорданов за Бугарското национално радио – БНР, коментира дека неговата партија нема да дозволи тргање на ветото за Северна Македонија до крајот на француското претседателство со Европската унија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој бил на средби со европратеници и еврокомесари и коалициски совети и имал директни впечатоци за тоа што се разговарало на нив и кој рекол, дека сака да се случи до крајот на јуни.

Според него, за Северна Македонија нештата во коалицискиот договор се јасни и „Има таков народ“ секогаш го почитувале овој договор и секогаш го одржувале зборот.

Рано е, како што рече тој, да се каже дали владејачката коалиција ќе издржи до крајот на годинава… Тој беше категоричен дека министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска, која е од ИТН, ја следи официјалната политика, за разлика од премиерот Кирил Петков, кој се обидува да протурка поинаква политика на оваа тема.

Дописникот на МИА од Софија додава дека „Има таков народ“ на ТВ водителот Слави Трифонов последните денови ја напаѓа најголемата партија во владејачката коалиција „Продолжуваме со промената“ откако нивниот кандидат за гувернер на Бугарската народна банка не беше избран и сака да се преиспитаат некои од клаузулите од коалицискиот договор. Нивниот кандидат, Љубомир Каримански, не ја доби поддршката од ниту една од другите три преостанати партии во коалицијата.

Next Post
Џабир Дерала

Кога мнозинството молчи, насилниците дивеат… И победуваат!

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk