ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вучиќ за РТС: Отворен Балкан има загарантиран успех, но ние никого нема да молиме

May 25, 2022 21:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Светскиот економски форум во Давос, зборувајќи за иницијативата Отворен Балкан и Северна Македонија, во интервјуто на РТС оцени дека Србија „со Северна Македонија има извонредни односи“, јави дописиникот на МИА од Белград.

– Србија е убедливо најпопуларната земја во Северна Македонија, а која друга би била? Луѓето треба да знаат дека Србите се најблиску до Македонците и обратно, така да немаме никакви проблеми, изјави Вучиќ.

Тој нагласи дека ќе продолжи да ја развива иницијативата „Отворен Балкан“, но дека нема да моли никого.

– Никој не ни треба за успех на таа приказна, бидејќи таа приказна има загарантиран успех. Секогаш сите сте добредојдени, а дали да прашаме некого или не? Па зошто би го направиле тоа? Луѓето ќе видат многу придобивки од Отворен Балканот, верувам веќе во текот на летово, а секако во текот на зимата. Сето тоа оди полека, тешко, под голем меѓународен притисок, бидејќи некои немаат управувачки волан и не ја сакаат идејата, некои други се против затоа што во тоа гледаат големосрпска идеја, некои трети се против, не знам зошто, а тоа е една одлична идеја која не поврзува сите и која не води заедно во иднината во која ние самите носиме одлуки за својата судбина – не сме принудени, не сме натерани од никој друг, ние самите се грижиме за себе, за нашите деца и за нашата иднина, објасни Вучиќ.

Тој во текот на денот во Давос тој имаше средба и со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, кого го покани да се приклучи на иницијативата „Отворен Балкан“. На прашањето дали мисли дека еден од успесите на иницијативата е тоа што албанскиот Парламент не ја оцени резолуцијата за Сребреница, односно дали добрата економска соработка резултирала со добри политички односи, Вучиќ рече дека со одговорот на тоа прашање би го довел Еди Рама во тешка положба.

– Имаме добри односи како земји и како народи, се повеќе и повеќе разбирање, навистина не сакам да го ставам Рама или некој друг во тешка позиција за да се пофалам себеси во домашната јавност. Нема смисла. Ние си веруваме еден на друг, кажа Вучиќ.

Тој посочи дека Рама бил апсолутно фер во Брисел, на ниво на поддршката што ја имал од Унгарија и дека Србија никогаш немала таква поддршка.

– Она што е потребно е храброст, почит кон нашата земја и тој го покажа тоа, како што ние покажуваме таква почит кон Албанија, и ќе продолжиме да го покажуваме тоа, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија за РТС кажа дека на средбата во Давос зборувал за проблемите со кои се соочува Србија, како и дека секојдневно слуша пораки за признавање на независно Косово или за воведување санкции на Русија.

-Само Србија беше бомбардирана и нападната од земјите на НАТО, многу од нив се и членки на ЕУ, мора да имате таква особеност во вашата глава кога зборувате со нас за тоа, рече Вучиќ и истакна дека засега непостои можност Србија да воведе санкции кон Русија, како и дека верува дека ќе има коректен и добар разговор со руската страна, Србија да добие фер цена за гасот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk