ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски за Фронтлајн: Бугарската православна црква нема никаква причина да не ја признае МПЦ-ОА

Името Охридска Архиепископија е и во фокусот на оние поединечни изјави на одредени владици на БПЦ, кои се обидуваат да наметнат став дека Охридската Архиепископија е бугарска. Но реалноста е што БПЦ, како канонска наследничка на Трновската Патријаршија, од нејзиното возобновување па сè до 2009 година, воопшто не ја спомнуваше Охридската Архиепископија, како дел од историското наследство на кое се возобнови БПЦ, вели Николовски за Фронтлајн.

May 28, 2022 08:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО
Марјан Николовски. Фото: скриншот

Марјан Николовски. Фото: скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

На големиот ден кога ги празнуваваме сесловенските просветители и мисионери на христијанството Кирил и Методиј, Српската православна црква ја призна афтокефалноста на МПЦ-ОА, а со тоа се беше затворена шестдецениска шизма. Поглаварот на Српската православна црква Господин Порфириј на заедничката литургија на СПЦ и МПЦ – ОА  изјави дека следен чекор е синодите на двете цркви да ги завршат правните документи, подготовка на официјалниот акт и сите останати православни помесни цркви по канонскиот ред да бидат известени. Патријархот на СПЦ Порфириј во својот говор порача „Браќа и сестри, ние сме сигурни дека и другите помесни цркви ќе ја поздрават автокефалноста на МПЦ – ОА“.  Но, во моментов останува отворено прашањето каква позиција ќе зазема Бугарската православна црква во однос на автокефалностна на македонската. За овие отворени прашања ФРОНТЛАЈН разговараше со Марјан Николовски, долгогодишен новинар, одличен познавач на црковните прилики во земјава и уредник на Религија.мк.

ФРОНТЛАЈН: Какви се ставовите на Бугарската православна црква за признавање на Македонската православна црква?

НИКОЛОВСКИ: Бугарската православна црква засега нема соопштено официјален став по однос на МПЦ ОА и процесот за издавање Томос за нејзина автокефалност. Има спорадични изјави на некои митрополити, но од нив не може да се влече генерална оценка каква позиција ќе заземе БПЦ во однос на македонската автокефалност.

Марјан Николовски. Фото: Приватна архива

ФРОНТЛАЈН: Колку името Охридска архиепископија е пречка за БПЦ да ја признае МПЦ-ОА?

НИКОЛОВСКИ: Името Охридска Архиепископија е во фокусот на оние поединечни изјави на одредени владици на БПЦ, кои се обидуваат да наметнат став дека Охридската Архиепископија е бугарска. Но реалноста е што БПЦ, како канонска наследничка на Трновската Патријаршија, од нејзиното возобновување па сè до 2009 година, воопшто не ја спомнуваше Охридската Архиепископија, како дел од историското наследство на кое се возобнови БПЦ. За канонски наследник БПЦ се повикуваше на Плиската црква, Преславската, Трновската. Од 2009 година се повикува и на Охридската архиепископија. Но, тоа не е причина да БПЦ влегува во процес за оспорување на името на МПЦ како Охридска архиепископија, затоа што Охридската архиепископија имала широк дијацезен простор, кој во еден период ја опфаќа и Бугарија, но Томосот што Вселенската Патријаршија ќе треба да го издаде, се однесува на територија на политичките граници на државата Македонија, што значи дека во БПЦ не може никој да толкува дека автокефалната Охридска Архиепископија е некаква јурисдикциска претензија врз Бугарија. Од друга страна, ако за БПЦ е толку важна Охридската Архиепископија зошто во обновата на БПЦ не го искористиле ова име, туку го избрале името на Трновската Патријаршија. Пред укинувањето на Охридската Архиепископија и на Трновската патријашија, тие две цркви во исто време функционирале како две одделни, што значи се и две посебни, а не исти цркви.

ФРОНТЛАЈН: Какви се во моментот односите на БПЦ- БП И МПЦ-ОА?

НИКОЛОВСКИ: Односите на МПЦ- ОА и БПЦ секогаш биле коректни и верувам дека и сега е така. Не очекувам промени, напротив очекувам нивно продлабочување.

Синод БПЦ

ФРОНТЛАЈН: Со оглед на отворените политички прашања дали во блиска иднина сметате дека БПЦ ќе ја признае МПЦ- ОА?

НИКОЛОВСКИ: Искрено мислам дека БПЦ ќе биде третата православна црква со која МПЦ -ОА ќе воспостави канонско сослужување, веројатно по сослужувањето на Архиепископот Стефан со Патријархот Вартоломеј на 12 јуни. БПЦ нема никаква причина да не ја признае МПЦ-ОА.

Едно што тоа дополнително би ги влошило меѓудржавните односи.

Второ брз чекор кон прифаќање на МПЦ ОА како рамноправна црква ќе го намали негативниот набој меѓу Македонците и Бугарите.

Трето БПЦ нема избор дали ќе треба или не да ја признае МПЦ ОА, особено откако СПЦ дава согласност за автокефалија од нејзината јурисдикциска територија.

Според Николовски, многу е важно што БПЦ ќе биде една од православните цркви кои кон МПЦ- ОА ќе се обраќа со името Македонска и додава дека секој поинаков избор би бил само лоша политика на бугарскиот Синод.

Горан Благоев

И бугарскиот црковен аналитичар и историчар Горан Благоев смета дека БПЦ ќе мора да ја признае македонската како една од многуте православни цркви во светот, а не како единствената со која има директно заедничко историско минато, бидејќи според него, шансите за тоа се пропуштени.

Тој оценува дека речиси никој во православниот свет нема да биде импресиониран од претензиите на Бугарија за името Охридска архиепископија, и оти ќе биде прифатено она што го диктира и одредува Цариградскиот патријарх. Она што се случи со МПЦ, според него, е очекувано, особено откако Бугарската православна црква во 2019 година одби да се заложи да го поддржи решавањето на македонскиот црковен случај.

Пристапот и односот на Бугарија во однос на ова прашање, смета Благоев, треба да биде многу деликатен, бидејќи Софија веќе огорчила доволно луѓе во земјава со болокадата на влезот во ЕУ.

Мартина Ацковска 

Next Post

Хоџиќ за ТВ Хајат: Бошњаците се многу добро интегрирани во македонското општество благодарение на СДА

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk