ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ФАО предвидува дека оваа година увозот на храна ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари

June 9, 2022 19:30
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вредноста на увозот на храна годинава ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари поради цените што и покрај почакувањата се уште не ги надоместуваат трошоците на земјоделците, предупреди денеска Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО), јавува МИА.

Споредбено со минатата година вредноста на увозот ќе се зголеми за 2,9 отсто или 51 милијарда долари, а дури 49 милијарди од тој износ отпаѓа на покачените цени на храната, наведува ФАО.

„Со оглед на остриот пораст на цените на инпутите, временските проблеми и зголемената несигурност на пазарот поради војната во Украина, најновата прогноза на ФАО сигнализира веројатни ограничувања во снабдувањето со храна и нов рекорден трошок за увоз“, објасни Упали Галкети Арачилаџ, економист на ФАО.

Високите цени обично се добра вест за производителите бидејќи носат поголем профит, но во актуелниот случај тие се надминати со зголемените трошоци за влез поради повисоките цени на енергијата и ограничувањата на извозот на клучните ѓубрива од големите производители, предупредува ФАО.

Доколку потрае, таквата состојба ќе го загрози брзото и ефикасно зголемување на производството.

Индексот на цените на инпутот на ФАО го достигна своето историски највисоко ниво, а изминатите 12 месеци надминат е и растот на индексот на цените на храната на ФАО.

Тоа покажува дека реалните цени за земјоделците се всушност ниски независно што потрошувачите плаќаат повеќе, состојба што делува дестимулирачки за интензивирање на производството во иднина, објаснуваат од ФАО.

Сегашната ситуација не навестува позитивни реакции во производството, чие зголемување е предуслов за спречување на натамошниот раст на цените на храната во сезоната 2022/2023 и по неа, заклучуваат во ФАО.

Next Post

Герасимовски: Ги стопираме сите градежни дејствија на осум парцели на Водно

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk