ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Брнабиќ: Условување на евроинтеграциите со билатерални прашања ќе го отежне патот на сите нас од Западен Балкан кон ЕУ

June 17, 2022 14:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Ако сме виделе една работа тоа е дека ако се постави некој преседан, тој се повторува. Апсолутно верувам дека може да и се случи и на Србија во однос на Косово, смета премиерката на Србија Ана Брнабиќ во контекст на изјави од некои челници од земји членки на ЕУ дека Белград не може да напредува во евроинтеграцијата без меѓусебно признавање со Косово.

Решавање на какви било билатерални прашања и со тоа да се условува евопскиот пат на една земја која ги исполнила сите услови да добие статус на кандидат и да почне преговори е преседан, а тоа не би смеело и не би требало да се случи. Дали може да се повтори, апсолутно верувам дека може да се повтори и апсолутно верувам дека ќе го отежне патот на сите нас од Западен Балкан кон ЕУ. Дали тоа и се случува на Србија, да, се случува. Со тоа што во нашата преговарачка позиција се зборува за севкупна нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, односно Србија и Косово, но Косово со астерикс. Косово во склад со Резолуцијата 1244 на Советот за безбеност на ОН која го гарантира територијалниот интегритет на Србија во нејзините меѓународно признати граници и никаде не се спомнува ниту збор признавање на т.н. Република Косово од страна на Република Србија, за што сега слушаме. Значи тоа не е во склад со официјална преговарачка позиција на ЕУ и со позицијата на ЕУ. Ако треба да ја менуваат нека ја менуваат, но ова е официјална позиција. Би бил преседан и во сред преговори вие да ја менувате преговарачката позиција, вели Брнабиќ на новинарско прашање по учеството на панел во рамки на Преспа форумот за дијалог за тоа дали она што и се случи на Северна Македонија со Бугарија може да и се повтори на Србија со Косово,

Според неа, откако изби војната во Украина Србија се наоѓа во уште потешка позиција поради, како што вели, огромното лицемерие на голем број членки на ЕУ и на некои други земји кои го признаа независно Косово, затоа што додека се залагаат за територијалниот интегритет на Украина, што е, посочува, целосно во согласност со меѓународното право и основните принципи за територијалниот интегритет на меѓународно признаени држави, за што имаат целосна поддршка од Србија, а истовремено тој прв принцип на меѓународното право не важеше за Р Србија, бидејќи го прекршија и во 1999 година и во 2008 година.

Тука е и прашањето кое го покажува степенот на лицемиерие, а тоа е вели таа, како може да прекршите една резолуција на Советот за безбедност на ОН, кои ја прекршија тие кои ја признаа Р Косово а во сите други конфликтни зони во светот секогаш се повикувате на целосно почитување на резолуции на ОН. Така што огромна е комплексноиста по ова прашање. Србија е во специфична позиција, затоа што кога тие земји ќе ја погледнат Србија, тие како во огледало го гледаат своето лицемерие и двојни стандарди. Тоа е тогаш тешко, тие тоа не сакаат да го гледаат, да го видат својот срам. Најдобро би било сите ние да се вратиме на позициите на меѓународното право и меѓународниот правен поредок, вели премиерката на Србија Ана Брнабиќ.

Next Post

Шефот на хрватската дипломатија Радман: Најавите се дека сепак е можно на 23 јуни да се организира меѓувладина конференција

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk