„Треба да преземеме проактивна улога, наместо да реагираме на одредена ситуација. Треба да преминеме на вистински мерки, затоа што на стариот свет му дојде крај, како што кажа претседателот Владимир Путин. Ако Западот продолжи да му дава оружје на „фашистичкиот“ режим на Украина, ние треба да го прекинеме транспортниот систем, да не остане тунел во Карпатите, бидејќи голем дел од оружјето пристигнува оттаму. Да не остане мост на реката Дњепар, да нема и струја. И секој Украинец треба да знае кого треба да обвини, оние кои во 2014 година ги донесоа „фашистите“ на власт и ѝм даваат пари и оружје во изминатите 8 години, и продолжуваат да го прават. Оваа позната банда од крадци и убијци (посочувајќи ги европските лидери) е во енергетска криза. Драги мои, ние имаме можност да го склучиме најпрофитабилниот договор во историјата на нашата татковина и цивилизацијата. Ако ја запреме испораката на суровините без кои Американците и Европејците не можат, тогаш Европејците ќе мора да нѝ ги вратат украдените пари“, рече членот на Руската Дума, Михаил Дељагин, кој беше и директор на Институтот за проучување на глобализацијата.
Russian State Duma member spewed a slew of crazy “solutions” on state TV: cutting off all electricity in Ukraine, blowing up all bridges & tunnels, destroying the economy of the Baltic countries, stopping all energy exports to the West. Even fellow propagandists were taken aback. pic.twitter.com/xXHTG893yd
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) June 28, 2022
Олга Скабеева, водителка и пропагандистка тогаш му одговори.
„Ние тогаш ќе треба да најдеме други пазари многу брзо. И нас ни требаат пари, да исплатиме пензии“, рече Скабеева.
На тоа Дељагин одговори дека Русија има доволно финансии.
„Нашиот федерален буџет на 1 мај изнесуваше 17, 5 трилиони рубљи, од кои 4 трилиони се замрзнати. Ако ја трансформираме нашата економија во воена индустрија, ако спроведеме активни економски политики наместо само реактивни економски политики, ние ќе ги намалиме трошоците и ќе ја рестартираме нашата економија. И што е најважно, ние имаме доволно пари да ја реизградиме нашата земја. Кога ќе ги присилиш другите да ти ги вратат парите, тогаш ќе имаш повеќе пари, не помалку“, рече Дељагин.
Евгениј Попов, кој исто така е водител и пропагандист на Кремљ не се согласи во делот за враќање на парите.
„Не мислам дека ќе нѝ ги вратат парите само ако го сопреме снабдувањето со нашиот гас којшто тие го користат за затоплување“, рече Попов.
Потоа Дељагин зборуваше дека треба да се „удри’ по економиите на Балтичките земји.
„Сите знаат дека снабдувањето со енергија е во тотален дефицит, како и оружјето. Што се однесува до транзитните земји како Балтичките, ние имаме министерство за економски развој со одлично квалификувам министер. Тој може да собере група експерти за да се ликвидираат економиите на Балтичките земји. Така што ќе ги смириме и веќе нема да ни досадуваат“, рече Дељагин.
На крајот водитлите и про-Кремљ пропагандисти се сложија дека тоа треба да се направи и со Велика Британија и САД.
Обработка: И. Т. З.