ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зошто е недвосмислен факт дека оваа покана на ЕУ е „финална“ а не некаква манипулација?

July 6, 2022 19:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

КАТЕРИНА КОЛОЗОВА, професор по теорија на студии на политики

Зборот „финална“ го ставив во наводници затоа што не е толку прашање на време туку на конечност на чинот на покана во суштинска а не временска смисла.

Логиката е едноставна: „францускиот предлог“ е документ кој пред нас го поставува едногласниот Европски совет кој ја содржи како поканата така и условите на поканата за отпочнување преговори за пристапување. Овие услови се поставуваат еднострано, тој што кани – значи, Европската унија – тој и кажува под кои услови и правила на игра би нѐ примил. Ние или ги прифаќаме и почитуваме поставените услови или сме исклучени од процесот. Не е фер? Можеби не, можеби да, но така функционира светот (барем во овој век): за обично „пристапување“ на Твитер треба да ги прифатите „условите и правилата“ па дури и да одговарате ако свесно ги прекршите, а не пак за пристапување на сојуз на држави.

Ако сега се каже „не“ навистина се кажува еднаш за секогаш „не“ на пристапувањето кон ЕУ. Никој не е должен, никој нема обврска по втор пат да ви упати покана да го комплетирате пристапувањето – чинот се случил, свршен е, а наше е да кажеме „да“ или „не,“ и тоа ќе биде, најверојатно, неотповикливо и важи еднаш за секогаш. Еве, историчарите и компаративните аналитичари на феноменот на европското проширување, ги замолувам, да ме побијат ако грешам кога го тврдам ова. Имено, замолувам да ме поучат дали знаат за пример кај што кандидатот си задал самиот себеси рамка каква сака и го принудил Советот да ја смени поканата и нејзините услови. (Инаку, да, знам дека во текот на преговарањето може многу нешта да се сменат во полза на кандидатот, но за тоа треба да почне процес на преговарање.)

Сакам да го замолам секого, сам да го прочита интегралниот „француски документ“ и да се служи со здрав разум: ова не е документ за специјалисти и нека не се мистифицира, ами документ кој секој носител на одлуки но и секој граѓанин треба да може да го разбере. Во него, јазикот се нарекува македонски (ако Бугарија си упати унилатерална нота, таа е уни-латерална, еднострана, и не го засега никој освен Бугарија), историја не се спомнува, протокол се спомнува дека постои (по што ќе следат некакви годишни извештаи) но никој не наложува каков да биде тој протокол, што ќе содржи. Ќе биде каков сакаме да биде – каков ќе се избориме да биде, таков ќе биде. Додека не добиеме најдобро можно решение за Македонија, ако треба и 100 години, ќе преговараме и со Бугарија и со ЕУ, но нема никаква потреба вториов процес да се сосекува во корен додека самите не заклучиме дека сме удриле во непробоен ѕид со првиот процес (билатералните преговори со Бугарија).

Ова е навистина миг на „да“ или „не“ за ЕУ, а сите што извикуваат „неправда, поништени сме!“ нека се запрашаат вистина ли е така и дали нивните теории од типот „што би било кога би било“ се доволни за да кажеме НЕ и тоа еднаш за секогаш на влегувањето во ЕУ. Еди Рама ви кажа, а и самиот Христијан Мицковски пред помалку од една недела го кажа истото, навистина нема да има друг предлог.

извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

Вучиќ: Јас сум сведок на искрената борба на Ковачевски во Брисел за својата земја и својот народ

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија, Битола Широк Сокак

Дневен хороскоп со Анис – 15 април

April 15, 2026

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026

Мицкоски: СДСМ живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис. Мо5тив, Прилеп

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никол Кидман сака да стане „death doula“ по смртта на мајка ѝ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретка небесна атракција: Кометата C/2025 R3 видлива со голо око над македонското небо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk