МВР целосно ги демантира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека полицијата не била присутна и не реагирала при инцидентот кај споменикот Скендербег.
Напротив, како што се вели во соопштението на МВР, полицијата била на лице место, во истиот момент реагирала и го спречила насилството, а едно лице веднаш било приведено кое е осомничено за пукање од огнено оружје.
Од МВР известуваат дека за време на протестите полицијата е целосно на ниво на задачата и апелираме партиите да престанат да со дезинформации.
Во видеото во прилог точно се гледа колку брзо повеќе од десет припадници на полицијата реагираат и спречуваат поголем инцидент, пишува во соопштението.







