Граѓани и политичари од опозициските Левица и ВМРО-ДПМНЕ, кои се и организатори на протестите, почнаа да се собираат пред Републичкото собрание. Демонстрантите веат знамиња и ја пеат македонската химна.
Се забележува зголемено полициско обезбедување.
„Македонци уште се борат за своите правдини“, „Слободна ја сакаме, не сакаме протекторати“, „Стоп за бугаризација“ се дел од пораките на учесниците на протестот, кои се собраа со знамиња и транспаренти, а присутен е членот на президиумот на Левица, Димитар Апасиев.
Седницата е закажана за 13 и 30 часот, а претходно е најавено обраќање на претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен.
Фото и видео: М. Ацковска, Д. Муратов