Време е за мудри одлуки, македонскиот јазик и идентитет во ЕУ е заштитен и никој не може да го смени тој факт. Сега е моментот кој треба да го искористиме за да се движиме напред, напиша на Фејсбук, премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
„Со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во контекст на новите гео-политички околности се согласивме дека европскиот пат води кон подобра иднина за сегашните и идните генерации“, напиша Ковачевски.