Проект по проект, предизвик по предизвик, решенија за сите прашања од ова прогресивно, евро-американско, храбро и визионерско мнозинство. На долгогодишното чекање да отпочнеме да чекориме кон големото европско семејство денес му дојде крајот, изјави Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, по повод одобрувањето на информацијата со предлог заклучоците врз основа на Предлогот на Европската Унија за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија..
„Денес ставивме крај на предизвиците со кои се соочувавме последните години! Го изградивме вистинскиот пат како прогресивна сила за да му покажеме на западниот свет дека немаме друга алтернатива, освен Европската унија, а денес тоа го докажавме.
Денеска ставивме крај и на надежите на регресивните проруски сили кои сакаа да ја дезориентираат земјата.
Граѓаните денес му свртеа грб на протагонизмот за политички поени, не дозволија да подпаднат на измамата и националистичката пропаганда на една апсурдна конфузија, а преку своите избраници во домот на демократијата го кажаа нивниот збор дека ја сакаат Европска Македонија.
Заедно, достоинствено и со сите наши демократски капацитети ќе патуваме до конечното остварување на нашиот сон за интеграција.
Ни претстои многу работа и одговорност, но со решителност, соработка, како и голема поддршка од земјите од ЕУ и САД ќе успееме заедно“, се наведува во изјавата на вицепремиерот Груби.