ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Обединети за Македонија, Партијата на пензионерите и ПЕИ даваат „зелено светло“ за францускиот предлог

July 16, 2022 10:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Партијата на пензионерите, Партија за Европска иднина и Обединети за Македонија, преку партиски соопштенија, дадоа зелено светло за прифаќање на францускиот предлог и отпочнување на пристапните преговори за влез на земјата во Европската унија.

Партијата на пензионерите (ПП)

Поаѓајќи од нужноста на потребата за обезбедување на временски разумна перспектива за отпочнување на пристапни преговори за влез на земјата во Европската унија, смета дека новиот Предлог на Француското Претседателство треба да се прифати.

Партијата на пензионерите (ПП), на седница на новоизбраниот Извршен одбор (избран на Конгресот на Партијата на 18.06.2022 година), која се одржа на 02.07.2022 година, по констатирање дека Предлогот на Француското Претседателство е прифатлив, бидејќи не ги оспорува елементарните услови за заштита на македонските државни и национални интереси во процесот на пристапување во ЕУ и бидејќи во дадените крајно сложени околности поради негаторскиот однос на Република Бугарија кој е непроменет повеќе децении, без никакви назнаки дека ќе се промени, како и поради нејзината реално очекувана идна блокада на процесот, едногласно донесе Заклучок со кој го подржа ставот на Претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски  нашето државно раководство да го прифати новиот Предлог и на тој начин да се создадат услови да отпочнат пристапните преговори на земјата за влез во ЕУ.

Истовремено ПП преку Претседателот на Партијата, во рамки на коалицијата, ќе иницира во разумен рок, кој нема да овозможи развлекување на процесот за донесување на одлука, Владата и Опозицијата, иако таа го отфрли предлогот, сепак да одржат консултативен состанок на кој, исклучиво и само на оваа тема и секој во рамки на своите одговорности кон македонскиот народ и граѓаните на земјата, јасно, јавно и со преземање на одговорност за иднината на земјата ќе ги аргументираат своите заложби за нивниот програмски деклариран став и заложба за зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Партија за Европска иднина

Партијата за европска иднина (ПЕИ) после 17 години во чекалната на ЕУ, конечно е пред реална можноост да ги отпочнеме преговорите со ЕУ

Партијата за европска иднина смета дека со предлогот на француското претседателство и на Европскста Комисија, Република Северна Македонија, после 17 години во чекалната на ЕУ, конечно е пред реална можноост да ги отпочнеме преговорите со ЕУ.

Тоа е почеток на завршниот процес во кој Македонците со потврден идентитет и со чист македонски јазик, заедно со сите други заедници во земјата, стануваат рамноправен народ со сите останати во европската заедница.

Сега е време на одговорни одлуки и време кога од сите пратеници се очекува да го дадат својот придонес во реализација на втората стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.

Обединети за Македонија

Обединети за Македонија: Да продолжиме по европскиот пат како горди Македонци

На вечерашниот состанок на Претседателството на Обединети за Македонија, се донесе одлука за поддршка на т.н. француски предлог за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

Билатералните прашања не се дел од преговорите. Со самиот предлог, се потврдува македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик. Правото на самоопределување е една од вредностите на Европската Унија.

Затоа, најискрено советуваме, пред да излезете да протестирате, да го прочитате документот кој е јавно достапен и самите да донесете заклучок, дали ќе ја поддржете радикалната левица која шири невистини и идеологија чиишто земји каде е на власт истата, се најниско рангирани во светот, или ќе продолжиме по европскиот пат како горди Македонци.

Но, испраќаме и апел до македонската дипломатија, доколку во иднина не се почитува договореното, да ги прекинеме преговорите на одредено време.

И пратеничките група на СДСМ, НСДП и коалицијата, излегоа со став Собранието да ги поддржи заклучоците, Македонци кои говорат македонски јазик во ЕУ. Последниот европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ на вистински начин ги отсликува нашите дефинирани позиции, се наведува во објавата споделена на Фејсбук страницата на партијата НСДП.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Собранието трет ден ќе расправа за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk