ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Партијата за општествен и економски напредок: Предлогот на ЕУ е добра рамка за започнување на преговорите

July 16, 2022 11:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Партијата за општествен и економски наптредок – ПОЕН целосно стои на евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија и предлогот на Европската Унија го смета за добра рамка за започнување на преговорите.

Фактот што македонскиот јазик без никакви објаснувања и фусноти стои во документот, како и говорот на претседателката на Европската комисија во македонското собрание, јасно укажуваат дека Република Северна Македонија има пријатели во ЕУ кои го почитуваат македонскиот народ и идентитет. Се разбира дека тој пат кон станување на полноправна членка на ЕУ не е без предизвици, искушенија и напори, но е единствениот што нуди светла иднина, благосостојба и просперитет за нашите деца и идни генерации, се наведува во партиското соопштение на ПОЕН.

Оттаму истакнуваат дека со оглед на тоа дека билатералните прашања повеќе не се услов за напредокот на преговорите, создадени се сите предуслови за непречено одвивање на преговарачкиот процес во кои приоритет имаат вредностите на кои е изградена Европската Унија. Промената на Преамбулата на Уставот и поставувањето на сите граѓан во еднаква позиција и со еднакви можности е „домашна задача“ што требаше да ја корегираме уште со уставните измени во 2001 година.

„Партијата за општествен и екононси напредок – ПОЕН како протагонист на мултукултурното општество и интеркултурализмот е горда што го даде најголемиот придонес да Република Северна Македонија ја има првата Национална стратегија и Акционен план за интеркултурализам во Европа, а сме втори во Светот после Канада, со што јасно укажавме дека во областа на почитувањето на различностите, јазиците, идентитетите, културите, па и различните наративи на историјата сме далеку пред многу земји во Европа, а да не зборуваме во споредба со Република Бугарија, кој дури има проблем да ги спроведе и пресудите на Европскиот суд за човековите права во врска со македонското малцинство. Но, само ако бидеме внатре, како рамноправна членка на ЕУ ќе можиме да суштински делуваме да и помогнеме на нашиот источен сосед да ги достигне нашите, а пред се меѓународните стандарди, како и да се оттргне од парадигмата и наративите кои беа карактеристика на XIX век на Балканот.

Партијата за општетсвен и економски напредок- ПОЕН е загрижена поради ниското ниво на демократичност, а посебно од изливите на говор на омраза што деновиве од собраниската говорница го покажуваат пратениците на опозицијата. Една од темелните вредности и постулати на македонската традиција е тoа да гостинот што ни доаѓа да биде испочитуван и во никој случај да биде навредуван. Недозволиво и за остра осуда се обидите за навредување и говор на омраза кон претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, од страна на собраниската говорница. Ваквите нецивилизациски чинови не носат ништо добро никому, освен што се наштетува на угледот на државата, нацијата, на Собранието и на граѓаните на Република Северна Македонија.

Партијата за општествен и економски напредок – ПОЕН апелира до сите пратеници во Собранието да го сочуваат угледот на највисокиот претставнички дом, угледот на граѓаните и на државата, како и на цивилизиран демократски начин се соочат со сите предизвици што стојат пред ним како народни претставници, кои ги бранат и штитат интересите на граѓаните. Зачленувањето на Република Северна Македонија во ЕУ е втора стратегиска цел на земјата поставена уште од прогласувањето на независноста во 1991 година“, истакнуваат од ПОЕН.

 

Next Post

ДУИ: Скандалозна е споредбата на ЕУ и Фон Дер Лејен со нацистите од страна на пратеничката на ВМРО

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk