РИБАРО
Откако македонската Влада ги пушти во собраниска процедура ратификациите на Протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како што дознава АХА, им наредил на своите пратеници да потпишат нотарски изјави дека нема да гласаат за зачленување на Финска и Шведска во НАТО.
Како што јавуваат изворите на АХА, Мицкоски лутината кон ЕУ за францускиот предлог, планирал да ја реализира со стопирање на проширувањето на НАТО.
– Ајде дури сме кај нотаров да потпишеме и за ова за НАТО, им рекол Мицкоски на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој начин на потпишување на нотарски изјави е одлична досетка, драги мои вмровци. Арно правел Грујо со мениците. Планирам да го применуваме ова за секоја една одлука која треба да се донесе. Сега се Финска и Шведска, утре ќе биде стопирањето за укинување на надоместокот за мрежарина од фотоволтаиците за домаќинствата, па субвенциите за земјоделците, па што ти ја знам… Ма има да потпишувате нотарски изјави и да блокираме сè што ќе ми текне. Има да ве имам на узди и тоа онака – како мазги. Има да ве држам на кратко јаже така добро што ќе барате да потпишете и воздух дали да дишете. Нели ви се допаѓа на ваков начин да функционирате? Нема да имате ама баш ич потреба мозок да вклучувате. Жива лепота?!“, истакнал Мицкоски на состанокот со вмровската пратеничка група.
– Шефе, а да потпишеме една нотарска изјава сите пратеници дека животот и наследството го предаваме во твои раце, а она што ни остана од умот да биде во твое владение и ич да не се мачиме на секое да одиме по нотари?, реплицирал потпретседателот Александар Николоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK